Европа
Расте поддршката за независност на Шкотска, но мнозинството уште не е за независност
Пред одржувањето на историскиот референдум за независност на Шкотска, на шкотската телевизија во вторникот навечер се случи првото телевизиско соочување меѓу челниците на кампањата за независност и на кампањата за останува на земјата во рамките на Велика Британија, а резултатите од повеќето истражувања на јавното мнение покажуваат дека и покрај расот на поддршката за независноста, мнозинството Шкоти во моментов не се за независност.
Пред одржувањето на историскиот референдум за независност на Шкотска, на шкотската телевизија во вторникот навечер се случи првото телевизиско соочување меѓу челниците на кампањата за независност и на кампањата за останува на земјата во рамките на Велика Британија, а резултатите од повеќето истражувања на јавното мнение покажуваат дека и покрај расот на поддршката за независноста, мнозинството Шкоти во моментов не се за независност.
Шкотските избирачи на 18-ти септември ќе одлучуваат дали ќе останат дел од Обединетото Кралство или ќе излезат од сојузот со Англија, меѓутоа анкетите покажуваат дека противниците на независноста се во значителна предност над оние коишто сакаат да ја прекината заедницата со Англичаните.
Во телевизиската дебата одржана во американски стил, кампањата Глас за независност на Шкотска од Лондон која ја заговара шкотскиот премиер Алекс Салмонд, додека останувањето на Шкотска во повеќе од 300 години стариот сојуз го бранеше поранешниот британски министер за финансии Алистер Дарлинг.
Во текот на дебатата Салмонд тврдеше дека независна Шкотска може да изгради поправедно и побогато општество. За британската влада рече дека премногу троши на нуклеарно оружје, и вети дека независна Шкотска нема да учествува во таа трка. „Никој не може подобро да ја води Шкотска од луѓето коишто во неа живеат и работи“, се обрати Салмонд на избирачите и порача дека на 18-ти септември ќе имаат „животна шанса која мора да ја искористат“.
Според истражувањето на јавното мнение на агенцијата Ipsos MORI, објавен пред почетокот на телевизиската дебата, поддршката за независност се искачала на 40 отсто, што е за четири отсто повеќе во однос на сличните анкети објавени во јуни, и е најголемата забележана поддршка на кампањата за независност.
Други анкети, пак, покажуваат дека кампањата за независност ја губи поддршката уште од крајот на март. Според нив, 54 отсто од гласачите се против независноста, што е исто како и во јуни, додека 7 проценти од избирачите сé уште не се сигурни како ќе гласаат.Шкотската национална партија (SNP) на Алекс Салмонд го освои мнозинството во шкотскиот парламент на изборите во мај 2011 година, што на овој харизматичен политичар му даде шанса да ги прекине врските со Лондон. Првичните анкети покажуваа дека околу 30 отсто Шкоти ја поддржуваа независноста, додека околу 50 отсто заговараат статус кво. Условите за референдумот се договорени со британската влада во октомври минатата 2012 година.
Шкотската национална партија (SNP) смета дека приходите од нафтата од Северното Море и локалната индустрија ќе овозможат напредок за независната Шкотска, меѓутоа другите партии застапени во парламентот во Единбург како и британската влада во Лондон велат дека загуби ќе претрпат и Шкотска и остатокот од Обединетото Кралство./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.
Европа
Русија: Ќе ги таргетираме украинските магацини во кои се доставува западното оружје
Русија ќе ги интензивира нападите врз украинските бази за складирање во кои е сместено оружјето доставено од Запад, изјави денеска министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, а Соединетите Држави се подготвуваат да одобрат и достават долго одложувана нова воена помош.
Шојгу рече дека Русија „го отфрли митот за супериорноста на западното оружје“ и дека нејзините сили презеле иницијатива на фронтот долг 1.000 километри.
Тој алудира на фактот дека в сабота, по гласањето во Претставничкиот дом, Вашингтон е подготвен да достави нов пакет воена помош за Украина, вреден речиси 61 милијарда долари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев набргу ќе добие повеќе ракетни системи со долг дострел ATACMS како дел од ветениот пакет. Американските власти рекоа дека помошта ќе вклучува испорака на муниција и пресретнувачи за системи за противвоздушна одбрана за Украина.
„Со оглед на заканите од САД и нивните сојузници, ние мора да продолжиме да ги подобруваме составот и структурата на вооружените сили и да го зголемиме производството на најпопуларното оружје и воена опрема“, рече Шојгу додавајќи дека руските сили „ќе го зголемат интензитетот на нападите врз логистичките центри и базите за складирање на западното оружје“.
Рускиот министер за одбрана повтори дека Русија овој месец ги освоила селата Первомајске, Бохданивка и Новомихајливка.
Во понеделникот украинскиот командант го негира падот на Новомихајливка велејќи дека неговите војници сè уште држат 15- 20 отсто од селото.
Руското Министерство за одбрана објави дека руските маринци, кои учествувале во заземањето на Новомихајливка, заробиле оружје од западно производство, вклучувајќи шведски фрлачи на гранати, американски противоклопни системи Javelin и системи за електронско војување на НАТО.