Европа
Разобличена исламистичка мрежа со седиште на Сардинија
Италијанската полиција објави во петокот дека открила и растурила исламистичка мрежа чиешто седиште било на островот Сардинија и наредила апсење на 18 лица од кои двајца се поранешни телохранители на ликвидираниот челник на глобалната терористичка организација Ал Каеда, Осама бин Ладен, обвинети дека учествувале во терористички активности во Пакистан, а планирала и напади врз Ватикан.
Споменатите 18 лица, од кои седум се уапсени во Гаљура, на северот од Сардинија, обвинети се за припадност на „организација насочена кон транснационалните криминалистички активности инспирирани од Ал Каеда и другите радикални организации кои се залагаат за вооружена борба против Западот и бунт против актуелната влада во Пакистан“, се наведува во налогот за апсење во кој увид имала агенцијата AFP.
Меѓу уапсените се наоѓаат и двајцата поранешни телохранители на Осама бин Ладен кој беше убиен на 2-ри мај во 2011 година, во пакистанскиот град Аботебад.
Овие исламисти, исто така, се обвинети за вмешаноста и криумчарење на илегални имигранти, како и дека во некои случаи префрлувале Авганистанци и Пакистанци од Италија кон земјите во северна Европа. Некои од уапсените се посочени и како одговорни за учество во терористички акции во Пакистан, меѓу кои и нападот врз пазарот Мина Базар во Пешевар во октомври 2009 година кога беа убиени повеќе од 100 луѓе.
Имам раководел со организацијата имала во Италија, кој потекнувал од движењето „Таблиг Едава“ чиешто седиште е во покраината Ломбардија, кој се служел со верскиот авторитет и углед за собирање средства. За таа цел била формирана и фирма којашто работела на едно од локалните пристаништа. Оваа мрежа, според истрагата, располагала со „оружје во изобилство“ и имала „бројни приврзаници подготвени за извршување терористички акции во Пакистан и во Авганистан, пред да се базира во Италија“.
Италијанска агенција Ansa, повикувајќи се на извори од истрагата, наведува дека групата била разобличена со прислушување на разговори меѓу „делови од ќелијата на Ал Каеда“ во Италија коишто разгледувале и можни самоубиствени напади врз Ватикан.
„Од она што малку засега се знае, се чини дека индициите од 2010 година била без резултат. Оттаму тоа нема важност во моментов и не е причина за загриженост“, изјавил за агенцијата, портпаролот на Светата столица, отец Федерико Ломбарди./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.