Европа
Референдум: 84 евроскептични пратеници потпишаа писмо со поддршка за Камерон – 54 отсто за останување во ЕУ
Осумдесет и четири конзервативни евроскетпични пратеници, приврзаници на излегувањето на Велика Британија од Европската унија, потпишале во четвртокот писмо во кое истакнуваат дека партискиот лидер Дејвид Камерон треба да остане премиер без оглед на исходот од референдумот, додека уште една анкета објавена ноќта кон петокот по затворањето на гласачките места покажува водство на приврзаниците на ЕУ.
На Гибралтар, британската територија на ’ртот на Шпанија кон северна Африка, од повеќе од 83 отсто излезени гласачи, 95,9 отсто гласале за останување во Европската унија, додека само 4,1 отсто биле за излегувањето, соопшти регионалната изборна комисија. Гибралтар, инаку, е првата од 382-те локални избирачки територии каде гласањето и пребројувањето прво завршува.
Во меѓувреме директорот на агенцијата за истражување на јавното мнение Ipsos Mori, Бен Пејџ на Twitter објави дека анкетата спроведена во текот на гласањето во четвртокот покажала дека 54 отсто од избирачите се определиле за останување во ЕУ, додека 46 проценти за излегување од 28-члениот блок.
Претходно во средата вечерта агенцијата Ipsos Mori измери 52-процентна поддршка за останувањето во ЕУ и 48 отсто за излегувањето.
Во четвртокот ноќта телевизијата Sky News објави дека испитувањето на агенцијата YouGov покажало дека 52 отсто од гласачите се определиле за Европската унија, додека 48 проценти за излегување. Меѓутоа анкетата на оваа агенција не е усогласена со стандардите на вообичаените излезни анкети за кои претходно беше соопштено дека нема да бидат објавувани, токму поради маргината на можната грешка.
„Ние, приврзаниците на излегувањето и членови на Конзервативната партија, благодарни сме што на британскиот народ му овозможивте на 23-ти јуни 2016 година да одлучува за својата судбина. Мислиме дека, каква и да биде одлуката на британскиот народ, имате мандат и должност да продолжите да ја водите нацијата“, порачаа потписниците на писмото објавено веднаш по затворањето на избирачките места во 23 часот по средноевропско време.
Меѓу потписниците е и поранешниот лондонски градоначалник Борис Џонсон, лидер на таборот Brexit.
Премиерот Дејвид Камерон, приврзаник на останувањето во ЕУ, во повеќе наврати истакнуваше дека нема да поднесе оставка и доколку Британците одлучат да ја напуштат ЕУ. Меѓутоа, повеќето членови на неговата партија оценија дена неговата позиција во случај на излегување, ќе стане многу брзо неодржлива. Уште повеќе што на спротивната страна од премиерот се најдоа и повеќе клучни министри од неговиот кабинет. Референдумот покажа длабока поделба меѓу ториевците и конзервативната влада.
Најџел Фараж, еден од главните водачи на кампањата за излегување и водач на евроскептичната партија UKIP, изјави за телевизијата Sky News дека „се чини оти водат приврзаниците на останувањето во ЕУ“.
Британскиот премиер Дејвид Камерон веднаш по затворањето на избирачките места на Twitter им се заблагодари на сите кои „го дадоа својот глас за зачувување на помоќна, посигурна и подобра Велика Британија во Европа“.
Вредноста на британската фунта веднаш пораснала откако се појавија првите знаци за победа на приврзаниците на останувањето, пренесуваат медиумите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Возачот на „Фликсбас“ осомничен за убиство од небрежност во Германија
Против возачот на автобусот кој вчера се преврте на германскиот автопат при што загинаа четири лица, а многумина беа повредени, се води истрага за убиство и нанесување телесни повреди од небрежност, соопштија од јавното обвинителство.
Портпаролот на канцеларијата не можеше да каже дали мажот (62) веќе бил сослушан.
Двокатниот европски превозник „Фликсбас“ со 54 лица, меѓу кои и двајца возачи, излетал од автопатот А9 во близина на Лајпциг во средата наутро и се превртел. Автобускиот оператор претходно пријавил дека во автобусот имало 55 лица. Полицијата соопшти дека загинале четири лица, а шест лица се тешко повредени, а 29 лица се полесно повредени.
Не се соопштени детали за здравствената состојба на повредените.
Инспекторите во моментов се фокусирани на утврдување на причините за несреќата. Сите повредени кои се наоѓаат во болница ќе бидат испрашани, доколку тоа им го дозволи здравствената состојба, изјави портпаролката на полицискиот штаб во Лајпциг како одговор на истрагата.
Ќе се нареди и извештај за анализа на автобуската несреќа, соопштија од јавното обвинителство. Првите резултати се очекуваат само за неколку недели.
Идентитетот на четворицата загинати се уште не беше утврден до четвртокот напладне.
„Се трудиме и се надеваме дека ќе можеме да дадеме информации за тоа во попладневните часови“, изјави портпаролката на полицијата.
Автобусот патувал од Берлин до Цирих.
Европа
(Аудио) Кралот Чарлс ја испрати првата јавна порака по дијагнозата на здравјето на Кејт
Порака од кралот Чарлс беше емитувана денеска по повод годишната служба на Величетврток.
Аудиообраќањето на Чарлс беше емитувано на собранието во катедралата „Ворчестер“ во негово отсуство поради тековното лекување на ракот на монархот.
Тој им порача на сите „да ја подадат раката на пријателството“.
„Актот на богослужба, овде во катедралата ‘Ворчестер’, ме потсетува на заклетвата што ја дадов на почетокот на моето крунисување да го следам примерот на Христос ‘да не ми служат, туку да служам’“, рече кралот.
„Тоа е она што секогаш се трудев да го правам и правам со целото мое срце“, додаде тој.
Кралот дојде на тронот пред 18 месеци, а на почетокот на годината му беше дијагностициран рак поради што беше подложен на хемотерапија.
Европа
Заменик-началникот на генералштабот: Британија може да се бори со Русија само 2 месеца
Британските вооружени сили мора да управуваат со оперативниот ризик, што произлегува од недостигот на ресурси што би сакале да ги имаат во идните војни, пишува „Телеграф“.
Информациите се појавија откако Грант Шапс, министерот за одбрана, им рече на пратениците дека лобирал кај премиерот, Риши Сунак, и министерот за економија и финансии, Џереми Хант, повеќе пари во буџетот да се потрошат за одбраната, но не успеал да обезбеди зголемување.
За време на сослушувањето пред пратениците во Комитетот за одбрана на долниот дом, висок офицер на кралските маринци рече: „Ние бевме многу јасни дека сумата што моментно ја трошиме за муниција не ги покрива трошоците во сите области и заканите со кои се соочуваме“.
„Бевме јасни дека треба да потрошиме повеќе пари над буџетот, на она што го нарекуваме интегрирани противвоздушни ракети“.
На прашањето на Марк Франсоа, поранешен министер за вооружени сили, дали е вистина оти Обединетото Кралство „не може да се бори со Владимир Путин повеќе од неколку месеци во целосна воена ситуација поради недостиог на резерви муниција и опрема, Шапс додаде дека секој таков конфликт ќе се води заедно со сојузниците од НАТО, кои заедно би можеле да ја совладаат Русија, наместо само Велика Британија.
„За луѓето што гледаат и слушаат дека Велика Британија не е подготвена за војна исклучиво со Русија, важно е да разберат дека сме во НАТО и постои меѓусојузнички одбранбен договор Член 5, така што никогаш не би биле во таква ситуација“.
Во еден извештај пратениците рекоа дека на вооружените сили им требаат повеќе средства за „учество во операции додека развиваат воена готовност“ или ќе мора да го намалат „оперативниот товар“ на војската.
Поранешните воени началници на комитетот му кажаа дека вооружените сили се ослабени од 2010 година и дека „во конфликт со еднаков противник тие ќе бидат исцрпени по првите неколку месеци од распоредувањето“.
Шапс исто така им рече на пратениците дека лекциите научени од војната во Украина ја покажале важноста на војната со беспилотни летала бидејќи е смртоносна и евтина.
„Ова во Украина е веројатно првата вистинска војна со беспилотни летала и мислам дека никогаш повторно нема да видиме војна која не вклучува тешка употреба на беспилотни летала“, рече тој.
Минатиот месец Обединетото Кралство објави дека, заедно со Латвија, ќе ја предводи новата коалиција за испорака на илјадници беспилотни летала „камикаѕе“ во Украина во услови на растечки недостиг на муниција на фронтот.
„Дроновите ги нарушуваат нормалните факти за војната. Обично секоја генерација станува поскапа за да има смртоносен ефект, но всушност беспилотните летала, кои понекогаш чинат неколку илјади фунти, може да бидат крајно смртоносни“, рече Шапс.
Сепак, тој предупреди дека „основното војување и муницијата“ остануваат важни во секој иден конфликт.