Европа
Референдумот за излез на Британија од ЕУ можеби во јуни 2016-та
Британскиот премиер Дејвид Камерон би можел да го распише референдумот за повлекување на земјата од Европската унија во веќе во 2016 година наместо најавеното до крајот на 2017-та, пишува весникот The Independent, повикувајќи се на извори во владата, а кабинетот на премиерот одби да ги коментира овие информации.
Според изворите на лондонскиот весник, Велика Британија ќе го одржи референдумот за своето членство во Европската унија за најмногу 12 месеци, бидејќи според нив премиерот Дејвид Камерон верува дека од притисокот создаден со најавите за одржување на референдумот е најдобро да се изнудат одредени отстапки од остатокот на Европа.
Премиерот Камерон планира официјално да го објави одржувањето на референдумот на конвенцијата на неговата Конзервативна партија во октомври годинава во Манчестер, пишува весникот, додавајќи дека според предвидувањата референдумот ќе се одржи во јуни 2016 година.
Камерон во кампањата за последните парламентарни избори се обврза на одржување на референдум за можно излегување од ЕУ до крајот на 2017 година, во манифестот на Конзервативната партија со кои излезе на изборите во мај, кои изненадувачки убедливо ги доби.
Според The Independent, Камерон е „убеден дека европските лидери почнуваат да ја сфаќаат потребата од промени и сметаат на тоа дека Велика Британија ќе продолжи да игра водечка улога во регионот“.
Откако ги доби парламентарните избори, британскиот премиер направи турнеја по европските престолнини за да ги запознае своите европски партнери со програмата и за да добие поддршка за неа.
Некои од реформите коишто Камерон ги бара во рамките на ЕУ, во замена за британското останување во членството, се промените во врска со повластиците за имигрантие кои во Британија доаѓаат од другите европски земји, како и опцијата земјата да не влегува во натамошните процеси на европските интеграции.
Во моментов анкетите го покажуваат најниското ниво на наклонетост на Британците за излегување на нивната земја од ЕУ во последната четвртина век. Заладувањето на односот на Брисел кон излегувањето на земјата од Унија доведе до тоа британската влада да смета на согласност на ЕУ со предложените реформи, можеби дури и не во целост како што посакува Камерон, пишува уште The Independent./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.