Европа
Рекордно ниска популарност на Меркел
Пред изборите во сојузните покраини Мекленбург-Западна Померанија и Берлин, популарноста на германската канцеларка Ангела Меркел е на рекордно ниско ниво, јави јавниот сервис ARD во петокот.
„Дури 51 отсто од испитаниците не смета дека е добра идеја Ангела Меркел повторно да стане канцеларка“, произлегува од испитувањето на јавното мнение спроведено од Deutschlandtrend на јавниот сервис ARD. Станува збор за најниска популарноста на канцеларката во последните пет години.
Истовремено првпат мнозинство од испитаниците коалицијата на демохристијанската унија CDU/CSU на сојузно ниво ја смета за подобра опција отколку сегашната ткн голема коалиција на демохристијаните со Социјалдемократската партија на Германија (SPD). Така, доколку следната недела би се одржале парламентарните избори унијата CDU/CSU би освоила 33 отсто од гласовите, додека SPD 23 проценти.
Забележливо е што и натаму трае трендот на подемот на евроскептичната и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), којашто би освоила 14 отсто, што е за повеќе од десет проценти повеќе отколку што имаше рејтинг пред речиси една година. Партијата Зелени би освоила 11 отсто, а партијата Левица – 9 проценти. Либералите, според оваа анкета, со 5 отсто би ги минале изборниот праг и би успеале да се вратат во Бундестагот.
Во неделата објавената анкета на весникот Bild am Sonntag покажа дека популарноста на германската канцеларка Агела Меркел паднала и 50 отсто од германските избирачи се против таа да го добие и четвртиот мандат по одржувањето на сојузните избори следната 2017 година.
Половината од 501 испитани во се изјасниле дека се против нејзиниот четврти мандат, додека 42 отсто сакаат да остане канцеларка и по сојузните избори кои ќе се одржат следната 2017 година. Во ноември минатата година во анкетата којашто ја порача исто така Bild am Sonntag, 45 отсто испитаници се залагаа за нејзиниот четврти мандат, а 48 отсто беа против тоа.
Меркел сé уште не сака да се изјасни за своите планови. Таа Меркел ја одложи објавата којашто првично беше планирана за почетокот на 2016 година, поради бегалската криза и тензиите со сестринската CSU. Таа на прес-конференцијата во јули изјави дека „правовремено“ ќе ја објави својата одлука.
Во саботата весникот Der Spiegel наведувајќи извор од Христијанско-демократската унија (CDU) објави дека канцеларка Ангела Меркел по вторпат го одложила изјаснувањето за тоа дали ќе се кандидира за уште еден мандат за почетокот на следната 2017 година.
Се очекува Меркел, исто така, дека ќе се кандидира за уште еден двогодишен мандат на водечката позиција во CDU на партиската конвенција во декември, но тоа може да го стори само ако е и кандидат за канцелар.
На канцеларската должност таа е од 2005 година, и во моментов Меркел во моментов ја предводи ткн големата коалициска влада со партијата од левиот центар SPD. Доколку освои уште еден мандат,би можела да го надмине досегашниот рекорд кој го постави Хелумт Кол, кој таа должност ја извршуваше 16 години./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.