Контакт

Европа

Рим прогласи „црвена зона“ околу Колосеумот поради зголемен криминал

Објавено пред

Властите во Рим ја засилуваат безбедноста околу Колосеумот и другите знаменитости во италијанската престолнина поради зголемување на криминалот. Областа околу познатиот римски амфитеатар беше прогласена за „црвена зона“ кон крајот на август, со зголемено полициско и воено присуство.

Мерката беше воведена за да се зголеми безбедноста на жителите и многуте туристи кои го посетуваат историскиот центар на Рим секој ден. Според одлуката на римските власти, „црвената зона“ треба да остане на сила најмалку до 24 декември.

Одлуката доаѓа по низа инциденти во областа на Колосеумот. Меѓу нив беше и нападот во јули, кога група од околу 50 млади луѓе нападнаа полицајци, користејќи пиротехника. Неколку полицајци беа повредени.

Римските власти велат дека ова е дел од поширокото зголемување на криминалот во историскиот центар, а проблемите ги поврзуваат со имотни злосторства, трговија со дрога и општо нарушување на јавниот ред, објавува Си-ен-ен.

Зголемено полициско и воено присуство
Во „црвената зона“, полициските сили ќе бидат присутни во текот на целиот ден, со дополнително распоредување на армијата. Италијанската армија веќе ги обезбедува најпосетуваните туристички места во земјата, користејќи бариери и привремени контролни пунктови.

И покрај досегашните мерки, туристите сè уште пријавуваат случаи на кражби.

„Безбедноста е на високо ниво овде, но туку што видов дека на една жена ѝ ги украдоа работите од џебот“, изјави за Си-ен-ен Жанел Тритон, туристка од Филаделфија која го посети Колосеумот.

Таа додаде дека крадецот избегал пред да бидат известени органите за спроведување на законот. Според неа, персоналот во хотелот каде што престојувала ја предупредил да не оди во областа околу Колосеумот ноќе, поради што го избегнувала во вечерните часови.

Најново

Спорт58 минути

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт1 час

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион1 час

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт1 час

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет1 час

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет2 часа

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава2 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион3 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...

Забава3 часа

Сезоната на Вагата им носи среќа на четири хороскопски знаци

Сезоната на Вагата трае до 23 октомври и носи поинаква енергија по практичниот и понапорен период на Девица. Фокусот се...