Контакт

Европа

Русија ја обвини ЕУ дека го минира решението на кризата во Украина

Објавено пред

Русија во четвртокот ја обвини Европската унија дека го минира процесот на мирно решавање на конфликтот во Украина, откако во Брисел конечно се усогласија за воведувањето на новите санкции проти неа поради нејзината наводна вмешаност во украинската криза.

Европската унија ја донесе одлуката за воведување на санкциите против Русија на 5-ти септември само неколку часа откако во белоруската престолнина Минск, на состанокот Контактната група (која ја сочинуваат претставници на Украина, Русија и ОБСЕ) прозападните киевски власти и проруските бунтовници од истокот потпишаа прекин на огнот. Тогаш Русија ја обвини ЕУ дека со таквата одлука всушност ги поттикнува силите во Киев кои ја поддржуваат воената опција како единствено решение за конфликтите во истокот на земјата.„Со таа мерка ЕУ се одлучи против мирното решение на украинската криза. Дајте има конечно на луѓето изгледи за мир“, се наведува во соопштението на руското министерство за надворешни работи во четвртокот навечер, во кое уште се повикуваат сите одговорни страни во Европа да дејствуваат на смирување на ситуацијата во Украина.Рускиот амбасадор при ЕУ, Владимир Чижов новите европски санкции ги оцени како „многу негативен знак“ и нагласи дека Москва ќе преземе противмерки. „Тие санкции не само што немаат ниту политичка ниту економска смисла, туку се и во спротивност со основната логика“, посочи Чижов.„Во источна Украина на сила е прекин на огнот. Иако се забележани некои нарушување, тој прекин на огнот функционира. Очигледно е смирување на судирите, на кои Е?У повикуваше повеќепати“, изјави рускиот дипломат.„Не очекуваме ништо добро од тие санкции и мислам дека ЕУ не треба да очекува ништо добро од нас“, порача Чижков.Русија уште во четвртокот претпладне најави дека подготвува нови мерки со коишто ќе одговори на новите западни земји кои воведуваат санкции против неа, и предвидува ограничувања за увоз за некои индустрии, како што е автомобилската и текстилната, со кои производителите во ЕУ можат да претрпат штети од уште неколку дополнителни милијарди евра./крај/мф/сн

Извор: РИА Новости



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Белгија на 29 октомври ќе одлучува за екстрадицијата на Пучдемон

Објавено пред

Белгискиот суд на 29 октомври треба да донесе одлука по барањето на Шпанија за екстрадиција на поранешниот премиер на Каталонија, Карлес Пучдемон, под чие раководство се одржа забранетиот референдум за независност во 2017 година, објави белгиското судство.

Пучдемон (56), кој избега во Белгија, вчера одби да се предаде на шпанското судство, кое во понеделникот издаде нова европска потерница за него.

Тој, придружуван од неговиот адвокат, доброволно им се пријави на белгиските власти. По излегувањето од обвинителството во Брисел, рече дека засега останува во Белгија и дека ќе се јавува секојпат кога ќе биде повикан од белгиските власти.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Полицијата ја презеде контролата над улиците во Барселона, уапсени 27 лица

Објавено пред

Каталонската и шпанската полиција ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови по синоќешните насилни протести. Полицијата со гумени куршуми и солзавец ги растерала демонстрантите кои шест часа ја блокирале Барселона.

Вчера вечерта дојде до најжестоките судири на каталонските поддржувачи на независност и полицијата од почетокот на протестите во понеделникот.  Според информациите на полицијата, повредени се 89 лица од кои 60 во Барселона, а уапсени се 27 демонстранти.

Локалните медими пренесуваат дека ситуацијата во центарот на Барселона наликувала на бојно поле. Биле палени огнови, а маскирани демонстранти ја гаѓале полицијата со камења, цигли, петарди и други предмети.

До нереди дошло и во други каталонски градови.

Градската полиција соопшти дека вчера на протестот во Барселона имало околу 525.000 луѓе.

Кабинетот на премиерот на Каталонија, Ким Торе, свика итен состанок доцна синоќа, а се очекува тој денеска да се обрати пред јавноста.

Во генералниот штрајк во Каталонија, кој трае од вчера на покана на синдикатите кои поддржуваат независност, се вклучени околу 68 проценти од индустриските капацитети, според каталонската влада.

Протестите почнаа во понеделникот откако Врховниот суд во Мадрид осуди деветмина каталонски службеници на 9 до 13 години затвор за неуспешниот обид за прогласување независност на Каталонија во 2017 година.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ најави реципрочни мерки за царините од САД

Објавено пред

Европска комисија денеска најави дека планира да воведе реципрочни мерки како одговор на царините на САД, што се воведени поради субвенционирање на Ербас.

„Жалиме поради одлуката на САД да воведат царини. Таквиот чекор не ни остава поинаква можност освен да воведеме сопствени царини во случај на Боинг, каде САД ги кршат правилата на Светската трговска организација“, изјави еврокомесарката за трговија Сесилија Малмстром.

Таа предупреди дека царините не се во долгорочен интерес на никого.

„Бидејќи е утврдено кршење на правилата на СТО од двете страни, предлогот на ЕУ е „за јасно дефинирани постоечки субвенции за авиоиндустријата и идната поддршка за тој важен сектор и понатаму е на маса“, посочи Малмстром.

Вашингтон претходно соопшти дека стапија во сила царините за европските артикли во вредност од 7,5 милијарди американски долари. САД најавија воведување на царини на 2 октомври откако СТО пресуди дека ЕУ нелегално ја субвенционирала компанијата Ербас.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Заев предлага предвремени избори што е можно побрзо

Премиерот Зоран Заев предлага одржување на предвремени парламентарни избори што е можно побрзо. Во своето прво обраќање откако Европската Унија...

Вести3 часа

(Видео) Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во...

Македонија3 часа

Инспекциски надзор во училиштето во Гостивар каде учениците ја поздравија воената операција во Сирија

Во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, каде што учениците со војнички поздрав ја поздравија турската офанзива во Сирија,...

Македонија3 часа

Измама во ФК Куманово 1903, претседателот затаил данок од речиси милион денари

Полицијата поднесе кривична пријава против претседателот на правното лице „Фудбалски клуб Куманово 1903“, против сметководителка и против правното лице Здружение...

Свет4 часа

Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

Авиокомпанијата „Квантас“ вчера вечер го почна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе ги поврзе Њујорк и Сиднеј и ќе...

Економија5 часа

Светска банка ќе даде поддршка од 120 милиони долари за финансирање на пет проекти

Светска банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти со кои ќе се подобри...

Европа5 часа

(Видео) Полицијата ја презеде контролата над улиците во Барселона, уапсени 27 лица

Каталонската и шпанската полиција ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови по синоќешните насилни протести. Полицијата...

Македонија6 часа

САД: Разочарани сме од одлуката на ЕУ за Северна Македонија

САД изразија разочараност затоа што Европскиот совет не додели датум за преговори за Северна Македонија и за Албанија.Стејт департментот наведува...

Спорт16 часа

Батистута повторно на операција: Ги молев лекарите да ми ги ампутираат нозете

Аргентинската фудбалска легенда, Габриел Батистута открива дека ги молел лекарите да му ги ампутираат нозете по големите проблеми со повредите...

Македонија17 часа

Хелсиншки бара казна за училиштето во Гостивар каде деца со војнички поздрав ја поддржаа офанзивата во Сирија

Хелсиншкиот комитет остро го осудува злоупотребувањето на учениците од гостиварското основно училиште Мустафа Кемал Ататурк за политички цели. На 17.10.2019...

Македонија19 часа

Ципрас: Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот, отколку во Европа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас го осуди фактот дека лидерите на земјите-членки на ЕУ не успеаја да се постигнат согласност...

Култура20 часа

Министерството за култура го осуди вандализмот, бара да се заштити Аквадуктот

Министерството за култура енергично го осудува вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што...

Македонија20 часа

(Видео) Интервју со Села: 18 години не одговарал ниеден функционер од ДУИ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Макфакс“ рече дека не може да се оочекува ЕУ да...

Македонија21 час

Влада: Во тек се консултации, Заев носи одлуки во интерес на граѓаните и државата

Во тек се интензивни консултации после заклучоците на Европскиот совет, премиерот Зоран Заев носи одлуки водејќи се исклучиво од интересите...

Македонија22 часа

Лидерската средба ќе се одржи в недела во вилата на Водно

На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, в недела – 20 октомври во кабинетот на претседателот во „Вилата Водно“, со почеток...

Европа23 часа

Макрон: Земјите од соседството на ЕУ не е нужно да бидат нејзини членки

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во првото обраќање во јавноста откако стави вето за пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија...

Македонија23 часа

Туск: Верувам дека ова е кратка криза, а не крај на проширувањето на ЕУ

По завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и претседателот на Европскиот совет, Доналд...

Македонија24 часа

Конте: Одлуката на ЕУ за Северна Македонија и Албанија е историска грешка

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, изјави дека одлуката на Европската Унија да не го отвори пристапниот процес за Северна Македонија и...

Македонија24 часа

(Видео) Пендаровски свика лидерска: Не е време за разочарување, туку за обединување

По одлуката на Советот на Европската Унија да не даде датум за почеток на преговорите за членство на нашата држава...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија1 ден

Хан: Одговорноста за овој неуспех не е на Северна Македонија, туку на ЕУ

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вели дека одговорноста за одлуката да не им се додели датум за преговори на Северна...

Досие