Европа
Русија ја потврди одлуката за напуштање на проектот „Јужен тек“
По изјавата на европските министри кои побараа Русија да ги разјасни своите намери околу гасоводот „Јужен тек“, рускиот гасен монопол „Гаспром“ во вторникот потврди дека одлуката за напуштање на проектот е конечна, пишува EurActiv.
Министрите за енергетика на Австрија, Бугарија, Хрватска, Грција, Италија, Романија и Словенија, како и потпретседателот на Европската комисија (ЕК) за Енергетска унија, Марош Шефчович излегоа со соопштение во кое наведуваат дека изјавата на рускиот претседател Владимир Путин за напуштање на проектот била од „неофицијална природа“ и дека ЕК треба да ја разјасни ситуацијата.
За време на посетата на Турција на 1-ви декември, Путин изјави дека проектот нема да продолжи и дека наместо тоа Русија ќе гради гасовод до Турција, наместо до Бугарија, која според него го попречила проектот.
Комисијата ја предупредија Бугарија да не продолжи со изградбата на „Јужен тек“, бидејќи проектот не бил усогласен со европските правила, вклучувајќи ја и легислативата позната како „Трет енергетски пакет“.
Во меѓувреме, бугарскиот премиер Бојко Борисов имаше средба со претседателот на Комисијата, Жан-Клод Јункер и изјавија дека проектот „Јужен тек“ може да се изгради, но само доколку е усогласен со правилата на ЕУ. Јункер изјавил дека проектот вреден 32 милијарди евра може да оди напред, обвинувајќи ја Русија дека во ситуацијата ја користи Бугарија како „заложник“, со тврдењата дека таа го спречила проектот.
Но во вторникот Русија повторно ја обвини Бугарија, порачувајќи дека веќе нема никаква надеж околу реализирањето на проектот.
Извршниот директор на „Гаспром“, Алексеј Милер за руските медиуми ја потврдил одлуката за напуштање на проектот.
Осврнувајќи се на посетата на Путин на Турција, Милер рекол дека турската страна била запознаена со руските планови за напуштање на „Јужен тек“, но дека конечната одлука била донесена за време на разговорите меѓу Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.