Контакт

Европа

Русија ќе додаде нов поим во законодавството – „Држава агресор“

Објавено пред

Руската Државна дума наскоро ќе го разгледа предлогот со кој се предвидува во руското законодавство да се вметне нов поим – „Држава агресор“, пишува московскиот дневник „Известија“.

Предлагачите на измените на законот, членовите на владеачката Единствена Русија, Евгениј Фодоров и Антон Романов, како и пратеничката група „Депутатски суверенитет“, во која влегуваат сите парламентарни партии, во образложение навела дека со поимот „земја агресор“ се опфаќаат и сите држави кои спровеле санкции против Русија, како и врз поодделни државјани на Русија и руски компании.

 

Авторите наведуваат дека изработката на списокот со „земји агресори“ е неопходен поради „заштита на основното движење на земјата, одбраната и безбедноста на државата, заштита на внатрешните пазари на Русија и развој на националната економија“.

 

Доколку измените на законот бидат усвоени, физичките и правни лица, кои се регистрирани во „земјите агресори“ или руски компании кои се поврзани или зависни од такви лица, истите нема да можат на територијата на Русија да се занимаваат со ревизија ниту пак да добиваат правни и консултантски услуги.

 

Фјодоров за весникот истакнал дека владата сама ќе одлучува кои компании ќе влезат во списокот за санкции.

 

Според него, во списокот треба да се најдат сите големи американски ревизорски компании и консалтинг организации кои работат во Русија.

 

Тој меѓу компаниите кои треба да бидат подложени на санкции ги споменува „Deloitte“, „KPMG“, „Ernst & Young“, „ PricewaterhouseCoopers“, „ Boston Consulting Group“ и „ Mackenzie“./крај/мф/ап

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Меркел: Веќе не можеме да се потпреме на тоа дека САД ги штитат европските интереси

Објавено пред

Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска изјави дека сега е неопходно Европа да биде обединета затоа што светот е целосно реорганизиран.

Меркел, која како прв германски канцелар присуствуваше на седница на владата на покраината Баварија, на прес-конференција во Минхен истакна дека единство во Европа значи сигурност за Германија.

Таа порача дека сè што се случува во Брисел за време на германското претседателство со Европската Унија е многу важно.

„Светот во моментот се реорганизира. Мислењето дека Соединетите Американски Држави ја штитат ЕУ веќе не е нешто што може да се земе здраво за готово. Затоа, единството во Европа е поважно од кога и да било“, рече Меркел.

Прикажи повеќе...

Европа

Франција воведува задолжително носење маски

Објавено пред

Франција ќе воведе задолжително носење маски во сите затворени јавни места со цел да се запре епидемијата на коронавирусот, најави претседателот Емануел Макрон.

„Ќе биде задолжително да се носат маски на сите затворени јавни места“, рече Макрон во телевизиско интервју споменувајќи го 1 август како датум за воведување на оваа мерка.

Макрон рече дека има знаци за нов бран на коронавирусот во Франција, каде што досега починаа над 30.000 луѓе.

„Мора да спречиме појава на нови жаришта, но и да се подготвиме за нов бран на епидемијата“, предупреди Макрон во телевизиското интервју по повод францускиот национален празник Ден на Бастилја.

„Ќе бидеме подготвени. Имаме резерви, кои се обезбедени, имаме организација, што ќе ни овозможи да се соочиме со нов бран доколку го има“, рече францускиот претседател.

Прикажи повеќе...

Европа

За првпат од 10 март, во Белгија нема смртни случаи

Објавено пред

Во Белгија, која од земјите со средна големина беше најзагрозена со коронавирус,  за првпат од 10 март не е забележан ниту еден смртен случај во последните 24 часа.

Како и многу други европски земји кои беа погодени од епидемијата во март и април, бројот на заразени во Белгија е намален со воведување мерки за затворање што сега се олеснети, пренесува „Ројтерс“.

Вкупниот број на смртни случаи пријавени од белгискиот Институт за јавно здравје „Скиенсано“ е 9.787.

Во земјата живеат 11,5 милиони луѓе, што значи дека на милион жители починале околу 850 луѓе, што е најлош биланс во светот по Сан Марино.

Највисок дневен пораст на бројот на смртни случаи е на 12 април, кога се забележани 343 смртни случаи.

Во Белгија кривата на зголемувањето на бројот на заразени лица се израмни, а во последните седум дена дневниот просек беше 95, што сепак е пораст од 11 проценти во однос на претходната недела.

Од почетокот на епидемијата во Белгија се заразени вкупно 62.781 луѓе.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија3 часа

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија3 часа

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Македонија5 часа

Две телевизии го прекршиле изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на...

Топ7 часа

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга. Според информациите на МВР, И.Е.(36)...

Македонија7 часа

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Со цел да се избори со пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји на кои им е забрането...

Македонија7 часа

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години

Минатата недела, односно за седум дена, регистрирани се вкупно 1.073 нови позитивни случаи на коронавирус од вкупно направени 9.995 тестови....

Македонија9 часа

Во Македонија досега се излечени над 4.000 пациенти од коронавирус

Од почетокот на пандемијата, бројката на оздравени пациенти изнесува 4.326 лица. Во текот на вчерашниот ден надлежните соопштија за 123...

Македонија9 часа

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со...

Свет9 часа

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Европа10 часа

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои...

Регион10 часа

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, по шестчасовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе продолжи...

Македонија21 час

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија23 часа

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија23 часа

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија1 ден

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ1 ден

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија1 ден

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија1 ден

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет1 ден

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Досие