Европа
Русија најави построга контрола на увоз на холандско цвеќе поради сомневање во штетници
Руските власти донесоа одлука да ја заострат контролата на увозот на цвеќиња од Холандија, поради сомневања дека со нив се увезуваат растителни штетници, поради што во јули беше привремено забранет увозот.
Москва кон крајот на јули го забрани увозот на цвеќе од Холандија, поради растителните штетници како што е калифорнискиот трипс, белата ‘рѓа и тутунскиот молец. Притоа, од надлежните европски тела беше побарано да се запре издавањето на фитосанитарните дозволи за извоз на холандското цвеќе, потсетува агенцијата ТАСС.
Шефот на агенцијата за контрола над увозот на земјоделските производи Руселкозазнадор, Алексеј Алексеенко изјави тогаш дека забраната е привремена мерка и дека ќе биде укината или продолжена по техничките консултации со надлежните тела на Европската унија.
„Испративме покани до седум земји од Европската унија на консултации, но не добивме одговор. Засега одговори само Латвија, а мораме да преговараме со сите“, изјави во четвртокот Алексеенко.
На почетокот од август руските власти објавија дека ќе продолжат со увозот од оваа седмица, но во зависност од резултатите од лабораториските тестирања. Во понеделникот агенцијата соопшти дека во иднина сите пратки цвеќе ќе бидат проверувани, наместо досегашните случајни контроли. Агенцијата ТАСС, исто така, наведува дека не е познато кога ќе почната консултациите за холандското цвеќе.
Силно изразената култура на подарување цвеќе во Русија го чини овој пазар на цвеќе вреден 2,5 милијарди американски долари, кој се зголемува со приближувањето на почетокот на школската година поради традицијата учениците да им подаруваат букети на учителите. Најмногу се увезуваат рози, хризантеми и лалиња Дури 80 отсто од продажбата отпаѓа на увозните цвеќиња, а меѓу извозниците на рускиот пазар предничи Холандија којашто во првата половина од годинава во Русија извезувал цвеќе во вредност од 107 милиони евра. Според некои процени, тие бројки се и многу поголеми поради трговијата на црно./крај/мф/сн
Извор: TACC
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.