Европа
Русија очекува од Франција да го запази договорот за испорака на бродовите
Рускиот министер за индустрија изјави во четвртокот дека Москва и натаму очекува од Франција да се придржува до потпишаниот и платен договор и да и’ ги испорача двата воени брода и покрај тоа што Париз во средата вечерта пред одржувањето на самитот на НАТО во Велс, под притисок на Велика Британија и САД, објави дека донел одлука да ја суспендира испораката поради наводната улога на Русија во украинската криза.
Руските функционери ја обвинуваат Франција дека попуштила под притисокот на Вашингтон со суспендирањето на испораката на еден од двата носачи на хеликоптери од типот „Mistral“ предвидено за октомври годинава, и ја доведуваат во прашање нејзината веродостојност како сигурен трговски партнер, рече министерот за индустрија на Руската Федерација, Денис Мануров за руската агенција Итерфакс.Ваквото решение на претседателот Франсоа Оланд предизвика во четвртокот реакции и во самата Франција, каде што реагираше пратеникот и копретседател на Француско-рускиот дијалог, Тиери Мариани, кој исто така стравува за репутацијата на Франција како сигурен трговски партнер, предупредувајќи дека Франција е пред договор за испорака на Индија на борбените авиони „Рафал“. Тоа решени „ја поткопува довербата кон договорите што ги потпишува Франција“, смета еден од главните левичарски пратеници, пратеник во Европскиот парламент и челник на Партијата на левицата, Жан-Лук Меланшон, за кого оваа мерка „нема никакво воено значење“ за да биде применета во врска со украинската криза. Меланшон го обвини претседателот Оланд дека Франција ја „потчинува на САД и на воинствената политика на НАТО“. Слична оцена за потегот на официјален Париз во врска со испораката на бродовите на Русија има и потпретседателот на крајно десната партија Национален фронт, Флориан Филипо. „Доколку Оланд вистински нема намера да ги достави бродовите, со тоа целосно ја уништува довербата во Франција со единствена цел да ја потчини на Вашингтон“, напиша на својот профил на Twitter Филипо. Францускиот претседател Франсоа Оланд во средата ситуацијата ја оцени како тешка и додаде дека не се остварени условите за француската испорака на првиот воен брод, се наведува во соопштението на Елисејската палата. „Акциите кои неодамна ги водеше Русија во источна Украина се во спротивност со основите на безбедноста во Европа“, се додава во соопштениeто на кабинетот на француското претседателство од средата вечерта.Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус минатата седмица укажа на наводното присуство на руски единици на украинска територија додека Европската унија подготвува нов санкции за Москва.Руското министерство за одбрана реагирајќи на одлуката на Франција да ја суспендира испораката на носачи на хеликоптери на Русија поради кризата во Украина, соопшти дека нема тоа „нема да ја погоди нејзината воена модернизација и плановите за реформи“, пренесе агенцијата Итар-Тасс.„Иако, се разбира, тоа е непријатно, и ги засилува одредените тензии во односите со нашите француски партнери, откажувањето на овие договори нема да претставува трагедија за нашата модернизација (на армијата)“, изјави за агенцијата заменикот руски министер за одбрана, Јуриј Борисов.Новиот француски стави во врска со носачите на хеликоптери е утврден на Советот за одбран ана Франција непосредно пред самитот на НАТО кој во четврток и петок ќе се одржи во Велс и само неколку часови по новите американски критики за испораката на овие пловила. Последните месеци Велика Британија и САД, а особено американскиот претседател Барак Обама, оценија дека испораката на споменатите француски воени бродови на Русија би била „несоодветна“, но Франција ги одбиваше тие критики тврдејќи дека и покрај санкциите Лондон продава воена техника на Москва, а министерот Фабиус нагласи дека договорите се потпишани и платени и мора да се почитуваат, бидејќи многу е веројатна руска тужба за непочитување на договорот.Франција во мај годинава соопшти дека ќе го разгледа договорот со Русија во октомври, но не претходно. Меѓутоа, француски дипломатски извори изјавија дека договорот со Русија од јуни 2011 година за продажбата на два носача на хеликоптери „Mistral”, со можност да продаде уште два, во висина од 1,2 милијарда евра, нема да биде дел од третиот круг санкции против Москва. Во меѓувреме Москва соопшти дека, како што беше планирана и заедничка изградба на ваквите пловила, може да ги изгради самата, бидејќи според договорот веќе ја поседува целата техничка документација.Во моментов во бродоградилиштето во Сен-Назер привршува изградбата на носачот „Владивосток“ за руската воена морнарица кој треба да биде испорачан до крајот на 2014 година и за кој Русија веќе обучи 400 морнари.Вториот брод именуван „Севастопол“, според седиштето на руската Црноморска флота на полуостровот Крим, беше почнат со изградба во Санкт Петербург во јуни 2013 година а потоа беше пренесен во Сен-Назер каде што ќе биде довршен. Тој треба да ѝ биде предаден на руската морнарица до крајот на 2015 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.