Европа
Русија планира нов хуманитарен конвој во Украина
Русија ја запознала Украина со своите намери да испрати уште еден конвој со хуманитарна помош по истата маршрута следните денови, изјави во понеделникот шефот на дипломатијата Сергеј Лавров, на подолгиот брифинг со новинарите во Москва.
Во саботата беше, по две седмици контроверзни изјави од Киев, во источниот украински град Луганск кој е под контрола на проруските бунтовници беше доставен хуманитарен конвој со помош од 1.800 тони продукти за цивилното население, кој Украина и од Западот го критизираа поради наводно немање дозвола од украинските власти. Руското министерство за надворешни работи дека дозволата ја добило со дипломатската нота од 12-ти август од украинските колеги и демантираше дека наводниот конвој е изговор за сокриена инвазија врз соседната земја.„Хуманитарната ситуација не се подобрува, згора на тоа сé е полоша. Сакаме да постигнеме договор за сите услови за испраќање втор конвој по истата маршрута следните денови“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Вчера (неделата) испративме допис до украинското министерство за надворешни работи со информација за нашите намери да испратиме уште еден конвој со хуманитарен товар, , приложивме детална листа на продуктите и количествата кои се планираат да бидат испратени, и изразивме надеж за чесна соработка од страна на украинските власти во согласувањето на сите неопходни формалности“, истакна Лавров, кого го цитира РИА Новости.„Се надеваме дека временскиот период кој ќе биде потребен за тоа, имајќи го предвид сегашното искуство, нема да биде толку долго, како што беше случајот со првиот конвој“, кој речиси две седмици патуваше до Луганск, додаде шефот на руската дипломатија. Лавров, исто така, истакна дека не е случајно што украинската армија врши постојани бомбардирања од копно и од воздух врз цивилни објекти и посочи не можат со грешки или случајност да бидат објаснети дека тешките оштетувања на инфраструктурата во источна Украина каде што повеќе од четири месеци украинските сили лојални на прозападните власти во Киев војуваат за преземање на контролата врз регионите кои ги држат проруските бунтовници./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.
Европа
Русија: Ќе ги таргетираме украинските магацини во кои се доставува западното оружје
Русија ќе ги интензивира нападите врз украинските бази за складирање во кои е сместено оружјето доставено од Запад, изјави денеска министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, а Соединетите Држави се подготвуваат да одобрат и достават долго одложувана нова воена помош.
Шојгу рече дека Русија „го отфрли митот за супериорноста на западното оружје“ и дека нејзините сили презеле иницијатива на фронтот долг 1.000 километри.
Тој алудира на фактот дека в сабота, по гласањето во Претставничкиот дом, Вашингтон е подготвен да достави нов пакет воена помош за Украина, вреден речиси 61 милијарда долари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев набргу ќе добие повеќе ракетни системи со долг дострел ATACMS како дел од ветениот пакет. Американските власти рекоа дека помошта ќе вклучува испорака на муниција и пресретнувачи за системи за противвоздушна одбрана за Украина.
„Со оглед на заканите од САД и нивните сојузници, ние мора да продолжиме да ги подобруваме составот и структурата на вооружените сили и да го зголемиме производството на најпопуларното оружје и воена опрема“, рече Шојгу додавајќи дека руските сили „ќе го зголемат интензитетот на нападите врз логистичките центри и базите за складирање на западното оружје“.
Рускиот министер за одбрана повтори дека Русија овој месец ги освоила селата Первомајске, Бохданивка и Новомихајливка.
Во понеделникот украинскиот командант го негира падот на Новомихајливка велејќи дека неговите војници сè уште држат 15- 20 отсто од селото.
Руското Министерство за одбрана објави дека руските маринци, кои учествувале во заземањето на Новомихајливка, заробиле оружје од западно производство, вклучувајќи шведски фрлачи на гранати, американски противоклопни системи Javelin и системи за електронско војување на НАТО.