Европа
Русија забрани увоз на храна од уште четири држава
Русија ги додаде Албанија, Црна Гора, Лихтенштајн и Исланд на списокот земји од кои е забранет увоз на храна, земјоделски, месни и млечни производи, како одговор на западните санкции поради украинската криза, соопшти во четвртокот рускиот премиер Дмитриј Медведев.
„Покрај државите од Европската унија, Австралија, Канада, Норвешка и САД, од кои од август минатата година беа забранети набавки на одредени видови земјоделски производи, придодадени се и повеќе земји, како Албанија, Црна Гроа, Исланд и Лихтенштајн….“, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев, потсетувајќи дека овие држави изјавија дека се приклучуваат на одлуката на 28-те земји членки на ЕУ да ги продолжат санкциите против Русија.
Медведев, пренесува агенцијата ТАСС, додаде дека споменатите земји ги аргументирале своите одлуки со тоа дека се обврзани да ги воведат санкциите против Русија според низата договори со ЕУ, но и оти смета дека тоа е само изговор „бидејќи бројни земји имаат слични договори со ЕУ но не учествуваат во санкциите“ против Русија.
„Така ова приклучување кон санкциите е свесен избор, што значи и подготвеност да се прифатат мерките за одговор од наша страна“, порача рускиот премиер и потсети дека руските санкции се на сила до 5-ти август 2016 година.
Проширениот список не ја опфаќа Грузија, каде што Русија воено интервенираше во 2008 година во интерес на двете отцепени рускојазични покраина Осетија и Абхазија, откако Тбилиси неодамна одби да им се придружи на западните санкции против Мосвка.
Медведев, исто така, на владината седница изјави дека ќе биде забранет увозот само на некои прехранбени производи од Украина до 2016 година, доколку стапи на сила економскиот дел од договорот за придружување меѓу Украина и ЕУ кој Киев го потпиша минатиот јуни.
„Се согласивме на Украина да ѝ дадеме уште време, до 1-ви јануари 2016година, за одлуки по прашањата за економската регулација… По овој период, доколку не можеме да постигнеме договор со посредство на Европската унија, а ја не гледам никакви знаци за тоа, ќе стапат на сила претходни донесените одлуки со коишто се воспоставува вообичаен режим на трговија со Украина и ембарго на прехранбени производство“, појасни Медведев./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.