Европа
Руски научник тврди дека мигрантите намерно се испраќаат во Германија
Рускиот научник, Владимир Шалак, кој веќе 20 години се занимава со анализа на содржината на текстовите, дошол до заклучок дека движењето на мигрантите од Африка и од Блискиот исток кон Германија, не е случајно и дека таму намерно ги упатуваат САД и Велика Британија по пат на објава на социјалната мрежа Twitter.
„Сите социјални мрежи се поврзани меѓусебно и објава на една од мрежите веднаш се пренесува на другите. Twitter е добар за анализа, бидејќи дозволува да се измерат параметри, како оние од каде и по пат на кој уред е поставена објавата“, изјави за агенцијата Sputnik, Шалак кој е доктор по филозофски науки и виш научен соработник на Институтот за филозофија.Заклучокот дека движењето на мигранттие не е случајно, произлегол од обработката на јавно достапните податоци со помош на компјутерска програма.Објаснувајќи ја постапката, Шалак наведува дека прво аритметички се пребројуваат одредени предмети, а анализата на содржината на основно ниво покажува колку често се споменуваат некои зборови или фрази.Затоа, врз основа на тие заклучоци, кои не ги забалежува окото на обичниот човек, а резултатот е обработка на многу големо количество на податоци, доаѓа до одредени законитости.Шалак наведува дека во почетокот одредени членови на научниот тим нашле пораки на интернет каде се споменуваат бегалците, а потоа се испоставило дека во таа маса од податоци дури во 70 отсто од нив се споменува Германија и дека таму фигурира фразата „бегалците се добредојдени“.Потоа спровеле анализа за да утврдат каде се регистрирани твитер профилите, од каде потекнуваат тие објави и дошле до многу интересен резултат.„Повеќето од тие објави се со потекло од САД и од Велика Британија. Чудно е тоа што не ги повикуваат бегалците кај себе, туку кај соседите. Очигледен е заклучокот дека оваа кампања ја организирале токму овие држави“, вели Шалак.Според него, локомотива на ЕУ е Германија, а ЕУ е преголема за само онака да се урне.„Сепак, доволно е да се подрива најголемата економија и нормалниот живот во германија и ЕУ ќе се распадне на делови. А, гледаме дека таму се активирале неонацистите и локалните десничарски партии кои по камповите со бегалци прават проблеми“, наведува Шалак.Смета дека сево ова ќе доведе до тоа ЕУ да почне да пука по работите, односно да почне да се распаѓа, а како последица ќе биде „бегањето на капиталот од Европа и САД“.„Тоа на Америка ѝ е многу погодно, затоа што тие на секоја војна заработуваат. Од друга страна тоа повторно ќе доведе до подривање на руската економија, ако Европа престане да купува сировини. Целите може да бидат одвоени од последиците, но потполно се реални“, додава тој. Вели дека Twitter најоперативно реагира на сé што се случува, информациите се ажурираат од минута во минута и во таа смисла е добар за анализа, затоа што нема цензура.Шалак вели дека со цел привлекување внимание, голем број луѓе активираат програми со кои управуваат таканаречени ботови.„Нивна задача е да се привлече вниманието на топ вестите. Социјалните мрежи се добар механизам за манипулација со општествената свест“, заклучува тој./крај/мф/ффс
Извор: Sputnik
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.