Европа
Рускиот парламент донесе нови мерки против тероризмот
Рускиот парламент донесе во петокот нови мерки во сферата на националната безбедност, вклучително и можно проширување на овластувањето на државната разузнавачката служба, откако Кремљ по извештаите на Федералната служба за безбедност (ФСБ) дека рускиот патнички авион со 224 жртви на 31-ви октомври во Египет е урнат со терористички акт.
На една од ретките седници на двата дома на рускиот парламент, пратениците и сенаторите донесоа резолуција со којашто се повикува на заострување на казните за терористи, построга јавни безбедносните мерки и нова акција да се победи екстремизмот.
Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот вети дека одговорните за уривањето на рускиот патнички авион над Синајскиот полуостров ќе бидат лично пронајдени и казнети. Кремљ, исто така, ги наведе и париските напади од 13-ти ноември во кои според последните информации се убиени 130 луѓе, како втора причина поради којашто Русија и светот требаат да одат поцврсто против Исламската држава.
Претседателката на горниот дом на рускиот парламент, Валентина Матвиенко, изјави дека минатата седмица по наредба на претседателот Путин веќе се заострени безбедносните мерки на аеродромите, во јавниот транспорт и на местата на коишто се одржуваат масовни настани.
Додаде дека се дадени и предлози за да се зголемат казните „не само за терористичките активности, туку и за секој кој ќе ги помака морално, со пари или со информации“.
Меѓу предлозите е и повторното воведување на смртната казна за терористите и основање меѓународен суд според примерот на Нирнбершкиот, кој би ги процесуирал исламските терористи./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.