Европа
Се верува дека џихадистот од видеото е лондонски трговец со детски замоци
– Сидарта Дар, алијас Абу Румајсах
Се верува дека маскираниот џихадист од видеото на Исламската држава (IS) во кое се прикажува егзекуцијата на пет мажи обвинети за „шпионирање“ за Велика Британија, е жител на Лондон познат како Сид кој некогаш продавал детски замоци на пумпање.
Се верува дека маскираниот џихадист од видеото на Исламската држава (IS) во кое се прикажува егзекуцијата на пет мажи обвинети за „шпионирање“ за Велика Британија, е жител на Лондон познат како Сид кој некогаш продавал детски замоци на пумпање.
Сидарта Дар, чија сестра во понеделникот изјави дека гласот на мажот кој на видеото му испраќа пораки на британскиот премиер Дејвид Камерон е многу сличен со гласот на нејзиниот брат, заминал од Велика Британија во Сирија откако бил пуштен со кауција по апсењето под сомневање дека ѝ припаѓа на забранета група која е наклонета на тероризмот. Во видеото на Исламската држава медиумите го идентификуваа како гласноговорник на џихадистите и го нарекоа „новиот Џихади Џон“, според друг лондонец, Мухамед Емвази, кој се појавуваше во видеата на Исламската држава а беше ликвидиран во ноември во напад со беспилотно летало во Сирија.
Видеото, како што пишуваа во понеделникот британските медиуми, прикажува и околу петгодишно момченце кое зборува со британски акцент и се заканува на англиски дека „ќе ги убие неверниците“, а на главата носи црна трака и е во камуфлажна униформа како и возрасните припадници на Исламската држава.
Лондонец по потекло од Нигерија, по име Сандеј Даре, го идентификувал момченцето како својот четиригодишен внук Иса. Даре за британските медиуми вели дека неговата ќерка, која пораснала како убедена христијанка под името Грејс, пред преминувањето во исламот и менувањето на името во Кадиџах, го земала својот син роден во Лондон и заминала во Сирија да ѝ се приклучи на Исламската држава.
Сидарта Дар, кој е познат како Абу Рамајса, е еден од најпознатите исламисти и е поврзан со Анџен Чудари, најпознатиот британски свештеник кој е обвинет за тероризам, а неговото судење треба да продолжи следниот месец.
Дар, кој живеел во источен Лондон, откако минал од хундуизам во ислам редовно присуствувал на проповедите кои ги одржувала забранетата организација Ал-Мухаџирон и често говорел во медиумите давајќи поддршка за целите на радикалните исламисти. Откако заминал од Велика Британија, го привлекувал вниманието на службите преку интернет со видео филмови во кои го пропагира животот во „калифатот“ на Исламската држава.
Кадиџах Даре, којашто исто така е позната како пропагандист на група на социјалните мрежи кои поставува постови со фотографии на коишто е со својот син и покажува оружје. Објавувајќи дека се радикализирала преку интернет, Даре го напуштила Лондон и во 2012 година заминала во Сирија, со синот Иса кој тогаш уште бил бебе./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Аудио) Кралот Чарлс ја испрати првата јавна порака по дијагнозата на здравјето на Кејт
Порака од кралот Чарлс беше емитувана денеска по повод годишната служба на Велики четврток.
Аудио обраќањето на Чарлс беше емитувано на собранието во катедралата Ворчестер во негово отсуство, поради тековното лекување на ракот на монархот.
Тој им порача на сите „да ја подадат раката на пријателството“.
„Актот на богослужба, овде во катедралата Ворчестер, ме потсетува на заклетвата што ја дадов на почетокот на моето крунисување, да го следам примерот на Христос „да не ми служат, туку да служам“, рече кралот.
„Тоа е она што секогаш се трудев да го правам и правам, со целото мое срце“, додаде тој.
Кралот дојде на тронот пред 18 месеци, а на почетокот на годината му беше дијагностициран рак, поради што беше подложен на хемотерапија.
Европа
Заменик-началникот на генералштабот: Британија може да се бори со Русија само 2 месеца
Британските вооружени сили мора да управуваат со оперативниот ризик, што произлегува од недостигот на ресурси што би сакале да ги имаат во идните војни, пишува „Телеграф“.
Информациите се појавија откако Грант Шапс, министерот за одбрана, им рече на пратениците дека лобирал кај премиерот, Риши Сунак, и министерот за економија и финансии, Џереми Хант, повеќе пари во буџетот да се потрошат за одбраната, но не успеал да обезбеди зголемување.
За време на сослушувањето пред пратениците во Комитетот за одбрана на долниот дом, висок офицер на кралските маринци рече: „Ние бевме многу јасни дека сумата што моментно ја трошиме за муниција не ги покрива трошоците во сите области и заканите со кои се соочуваме“.
„Бевме јасни дека треба да потрошиме повеќе пари над буџетот, на она што го нарекуваме интегрирани противвоздушни ракети“.
На прашањето на Марк Франсоа, поранешен министер за вооружени сили, дали е вистина оти Обединетото Кралство „не може да се бори со Владимир Путин повеќе од неколку месеци во целосна воена ситуација поради недостиог на резерви муниција и опрема, Шапс додаде дека секој таков конфликт ќе се води заедно со сојузниците од НАТО, кои заедно би можеле да ја совладаат Русија, наместо само Велика Британија.
„За луѓето што гледаат и слушаат дека Велика Британија не е подготвена за војна исклучиво со Русија, важно е да разберат дека сме во НАТО и постои меѓусојузнички одбранбен договор Член 5, така што никогаш не би биле во таква ситуација“.
Во еден извештај пратениците рекоа дека на вооружените сили им требаат повеќе средства за „учество во операции додека развиваат воена готовност“ или ќе мора да го намалат „оперативниот товар“ на војската.
Поранешните воени началници на комитетот му кажаа дека вооружените сили се ослабени од 2010 година и дека „во конфликт со еднаков противник тие ќе бидат исцрпени по првите неколку месеци од распоредувањето“.
Шапс исто така им рече на пратениците дека лекциите научени од војната во Украина ја покажале важноста на војната со беспилотни летала бидејќи е смртоносна и евтина.
„Ова во Украина е веројатно првата вистинска војна со беспилотни летала и мислам дека никогаш повторно нема да видиме војна која не вклучува тешка употреба на беспилотни летала“, рече тој.
Минатиот месец Обединетото Кралство објави дека, заедно со Латвија, ќе ја предводи новата коалиција за испорака на илјадници беспилотни летала „камикаѕе“ во Украина во услови на растечки недостиг на муниција на фронтот.
„Дроновите ги нарушуваат нормалните факти за војната. Обично секоја генерација станува поскапа за да има смртоносен ефект, но всушност беспилотните летала, кои понекогаш чинат неколку илјади фунти, може да бидат крајно смртоносни“, рече Шапс.
Сепак, тој предупреди дека „основното војување и муницијата“ остануваат важни во секој иден конфликт.
Европа
Кремљ за евентуалното блокирање на „Телеграм“: „Сè повеќе станува алатка во рацете на терористите“
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека во моментот не се планира блокирање на социјалната мрежа „Телеграм“ во Русија.
„Не, во моментот нема такви планови“, изјави Песков за каналот „Шот“ на прашањето дали Русија планира да го блокира „Телеграм“.
Тој додаде дека основачот на оваа платформа, Павел Дуров, треба повеќе да внимава како се користи оваа социјална мрежа.
„Секако, би очекувале поголемо внимание од Павел Дуров бидејќи овој уникатен и феноменален ресурс од технолошки аспект, кој порасна, всушност, пред очите на нашата генерација сè повеќе станува алатка во рацете на терористите, се користи за терористички цели“, рече портпаролот на Кремљ, пренесува „РИА новости“.
Како што изјави во средата за „РИА новости“ извор запознаен со ситуацијата, сторителите на терористичкиот напад во предградието на Москва биле регрутирани преку каналот на „Телеграм“, „Глас Хорасан“, сопственост на авганистанското крило на Исламската држава.
Пратеникот на државната Дума од Обединета Русија, Олег Морозов, денеска оцени дека е неопходно да се развие механизам за автоматско блокирање на каналите на „Телеграм“, кои регрутираат терористи користејќи клучни зборови користејќи вештачка интелигенција.