Европа
Седум партии од крајната десница на конгресот на FN во Лион
Француската крајно десна партија Национален фронт (FN) ги собра во саботата на својот партиски конгрес во Лион претставниците на седум европски сојузници, на кој главни теми беа имиграцијата и еврото.
На конгресот на Националниот фронт присуствуваше како гостин и претставникот на владејачката Единствена Русија, Андреј Исаев, кој во поздравниот говор предупреди на политиките на Европската унија кон Русија, коишто инаку не наидуваа на одобрување во претходните изјави на челниците на европските партии од крајната десница.
Претседателката на Народниот фронт, Марин Лепен, се’ уште не успеа да ја формира фракцијата во Европскиот парламент за што се потребни 25 пратеници од најмалку седум држави членки на Европската унија, а тоа си го постави како задача до крајот на годинава. Координација на партиите од крајната десница во моментов се состои од пет официјални членки.
„Нашата Европа се протега од Атлантскиот Океан до Урал, а не од Вашингтон до Брисел“, изјави Лепен. Нејзината партија, којашто во последниот период е критикувана во Европа дека има изразено проруски став поради тоа што дала на руска банка дала кредит од 9 милиони евра.
Герт Вилдер, челникот на холандската Партија за слободата PVV, којашто е означена како исламофобна организација, изјави дела Марин Лепен за него претставува нова претседателка на Франција.
„Како и вие, не сакаме странците да доаѓаат во нашата земја и да ни бидат господари. Ние сакаме да ги исфрлиме злосторниците, џихадистите и илегалните имигранти“ изјави Вилдерс добивајќи силен аплауз од присутните на конгресот.
Исаев, еден од челниците на Единствена Русија, на руски јазик го поздрави „повеќевековното пријателство“ меѓу Франција и Русија истакнувајќи ги традиционалните вредности и предупреди дека санкциите на коишто е изложена Русија од страна на Европската унија и САД, не одат во прилог ниту на Франција, ниту на Москва.
Претседателот на австриската FPO-e Ханс-Кристиан Страше, изрази загриженоста од заканите за Европа, „илјадалетниот горд континент“.
На конгресот присуствуваа и претседателот на италијанската Северна лига, Матео Салвини, претставникот на бугарската ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, заменикот на претседателот на белгиската фламанска партија Влаамс Беланг, Филип Клаеји и претседателот на чешката ОК Страна, Јири Јаначек.
Неколку илјади луѓе од цела Франција протестираа во саботата попладнето во Лион против одржувањето на конгресот на Националниот фронт, на повик на организациите кои се против расизам, лево ориентирани парти и левичарски синдикати.
Конгресот на Националниот фронт треба да заврши во недела, со говор на Марин Лепен, на чијашто партија и покрај критиките во европските медиуми, постојано ѝ расте рејтингот./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.