Европа
Шефот на кабинетот на Меркел против планот Б околу бегалците
Шефот на канцеларскиот кабинет на германската влада Петер Алтмајер ја отфрли во петокот алтернативата за договорот меѓу Турција и Европската унија за бегалците, тврдејќи дека спогодбата и натаму функционира и покрај вонредната состојба во Турција воведена по неуспешниот обид за воен преврат од 15-ти јули.
„Нема причини за некаков ‘План Б’. Спогодбата до Турција во врска со бегалците останува на сила“, изјави шефот на кабинетот на канцеларката Петер Алтејмар, од Христијанско-демократската (CDU) во разговорот за весникот Berliner Zeitung од петокот. Алтмајер ја координира работата на потесниот кабинет на германската влада и меѓу другото го координира и работењето на тајните служби и бегалката политика.
Тврди дека обидот за пуч во Турција е променетата безбедносна состојба во земјата не влијаеле врз спроведувањето на договорот со кој бегалците се спречуваат да заминат натаму кон западните и северните земји во Европа.
Немаме никаква основа да веруваме дека кон бегалците кои се задржани во Турција или се таму вратени од Европската унија, се постапувал лошо“, вели Алтмајер.
Со тоа ѝ противречи на комесарката за човекови права во германската влада Баербел Кофлер, од Социјалдемократската партија (SPD), која тврдеше дека договорот, по промената на ситуацијата во Турција, мора да биде преиспитан.
Австрискиот канцелар Кристијан Керн претходно седмицава побара прекинување на преговорите со Турција за членство во ЕУ, и барање алтернатива на договорот за бегалците. Керн најави дека предлогот ќе го изнесе на самитот на ЕУ во Братислава кон средината на септември.
Керн поддршката за својот предлог за прекинувањето на пристапните преговори со Турција од Германија ја доби од баварските демохристијани CSU. Меѓутоа, предлогот не наиде на одобрува кај претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, кој го отфрли./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.