Европа
Семејството Стромае шокиранo од карикатурата во Charlie Hebdo
Насловната страница на парискиот сатиричен неделник Charlie Hebdo, познат по бизарните и навредливи карикатури, објавена по терористичките напади во Брисел, ја шокираше Белгија, но и семејството на популарниот пејач Стромае кој е искористен за карикатурата, бидејќи една од жртвите во масакрите во Руанда, пишува во четвртокот францускиот печат.
Насловната страница на Charlie Hebdo објавена на фејсбук страницата на неделникот го прикажува поп пејачот Стромае како го пее својот познат хит „Papa ou t’es?“ (Тато каде си?), а околу неговата глава се гледаат растргани делови од човечкo телo како говорат „тука, тука, тука исто така“.
Според белгискиот дневен весник Het Nieuwsblad, членовите на семејството на пејачот се крајно шокирани од карикатурата. Тие се прашуваат дали карикатуристите знаат дека таткото на пејачот бил една од жртвите на геноцидот од 1994 година, како и дека неговото дело било исечено на парчиња, пренесува порталот Le Point. Роден во брак на Белгијка и Руинѓанец, Стромае само неколку пати го видел татко си кој се вратил во Руанда и за неговата смрт дознал кога имал 12 години.
Во геноцидот што народот Хуту го направи над малцинскиот народ Тутси, убиени се повеќе од половина милион луѓе. Меѓународниот кривичен суд за Руанда беше првиот меѓународен суд кој судеше за злосторства од геноцид и прв кој силувањата ги дефинираше како средства за извршување геноцид. Исто така, прв е меѓународен суд кон медиумски работници прогласи виновни и ги осуди за говор на омраза со кои поттикнувале на геноцидни злосторства.
Карикатурата објавенава во неделникот кој двапати беше жртва на напад што всушност и го спаси од банкрот и ги збогати уште преостанатите членови , предизвика големи полемики. Поради објавување навредливи за муслиманите карикатури на пророкот Мухамед во јануари 2015 година маскирани терористи упаднаа во редакцијата на Charlie Hebdo и убија 12 луѓе, членови на редакцијата и двајца полицајци од обезбедувањето поради претходното подметнување пожар и заканите, откако во 2011 година ги објавија контроверзните карикатури.
Меѓу реакциите на најновата насловна страница на Charlie Hebdo во огромно мнозинство се оние во кои се изразува шокираност. . Во една од пораките се вели: „Како со хумор да се реагира на насловната страница на Charlie Hebdo за атентатите во Белгија? Не можеме дури ни да пикаме во главата, тоа е веќе сторено!“.
Претходно во средината на јануари редакцијата на овој неделник исто така ја шокираше светската јавност кога на својата насловна страница кога објави карикатура на тригодишниот Сириец Ајлан Курди, кој се удави додека со семејството се обидуваа од Турција да стасаат до грчкиот брег бегајќи пред војната која ја опустоши нивната татковина, прикажан на повозрасна возраст како сексуален насилник.
Фотографијата на тригодишниот Ајлан Курди чие безживотно тело лежи на труска плажа го вознемири целиот свет и трагично го привлече меѓународното внимание на драмата на бегалците кои се осмелуваат на опасниот пат преку морињата во надеж дека ќе се доберат до европскиот континент. Во трагедијата животите, исто така, ги загубија и четиригодишниот брат на Ајлан и нивната мајка.
Карикатурата на две страници, којашто ја потпишува Рис, главниот уредник на неделникот, прикажува сексуален манијак кој следи една жена, проследен со текстот „Во што ќе се претвореше малиот Ајлан да пораснеше?“/крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.
Европа
Орбан: Западот е на чекор од испраќање војници во Украина, Брисел си игра со оган
Западот е на чекор од испраќање војници во Украина и во Брисел владее провоено мнозинство, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Во Европа расположението е војна, а во политиката доминира логиката на војната. Гледам подготовки за војна од сите страни. Генералниот секретар на НАТО сака да формира украинска мисија на НАТО. Европските лидери веќе влегоа во војна, разговарам со нив, ги слушам, тие ја гледаат оваа војна како нивна и така ја водат“, истакна Орбан.
Унгарскиот лидер укажа на постепено зголемување на помошта на Европа за Украина, почнувајќи од испраќање воена опрема и воведување санкции кон Русија до испраќање оружје и пари, објави HirTV.
Пари, пари, оружје, но состојбата не се подобрува, всушност се влошува. На чекор сме од Западот да испрати војници во Украина. Ова е вител на војна што може да ја одвлече Европа во длабочините. Брисел си игра со оган – предупреди Орбан и нагласи дека Будимпешта нема да биде вовлечена во руско-украинскиот конфликт.