Европа
Северната лига сака да ги ревидира сите договори на ЕУ
Италијанската регионалистичка партија Северна лига ќе ги ревидира сите европски основачки договори и земјата да излезе од еврозоната, доколку партијата дојде на власт, изјави во средата новиот партиски челник Матео Саливини.
Италијанската регионалистичка партија Северна лига ќе ги ревидира сите европски основачки договори и земјата да излезе од еврозоната, доколку партијата дојде на власт, изјави во средата новиот партиски челник Матео Саливини.
„Доколку бевме во владата, би барал ревизија на сите европски договори, целокупна ревизија на сите договори“, изјави на прес-конференцијата за странските новинари во Рим, новиот 41-годишен лидер претседател на Северната лига, Матео Салвини.
Целиот ситен на европските институции е погрешен, тврди Салвини, кој според аналитичарите е ѕвезда во залет на италијанскиот десен центар кој инаку е расцепкан по заминувањето од државната политичка сцена на поранешниот лидер на италијанската десница и премиер Силвио Берлускони.Салвини, кој во последниот период е постојано присутен во италијанските медиуми, сака да ја трансформира својата регионалистичка партија со помош на анти-имигрантските говори и антиевропските ставови, кои се блиски на позициите на Марин Лепен од Националниот фронт во Франција, забележува AFP.
„ЕУ се обидува да го исправи системот кој е темелно погрешен, во рацете на банките и финансиите, меѓутоа денешна Европа не може да се реформира, треба да биде урната и да се изгради од нула“, смета Салвини и потенцира дека „Сакаме да излеземе од еврозоната“, појаснувајќи дека жали по времето на италијанската лира и галопирачката инфлација што значело дека луѓето работат и трошат.
Салвини, чијашто Северна лига првпат на надмина партијата Напред Италија на Берлускони на неодамнешните регионални избори во Емилија Ромања, го најави скорешното формирање на движењето коешто ќе се придружи на неговото коешто ќе го претставува југот на земјата, каде што досега не постоеше Северната лига.
Северната лига има намера да го изложи планот за ткн „флет-такс“, единствена стапка за оданочување од 15 отсто за сите во Италија, поради придвижување на тамошната економија.
Во новинските извештаи, исто така, се истакнува и дека Салвии рекол оти тој лично е наклонет за предлогот за хемиска кастрација на извршителите на силување, воведување доживотна затворска казна и строга контрола на имиграцијата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Столтенберг: НАТО работи на испорака на повеќе „Патриоти“ во Украина
НАТО работи на испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг, додавајќи дека доцнењето во обезбедувањето таква помош им наштетува на напорите на Киев да се спротивстави на руските напади.
„Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите „Патриот“. И ние работиме со сојузниците за да се осигураме дека тие прераспоредуваат некои од нивните системи во Украина“, изјави тој за новинарите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија.
„Работиме на можноста за испорака на повеќе батерии „Патриот“ за Украина. Водиме дијалог со некои земји“, рече Столтенберг, нарекувајќи го снабдувањето на „Патриотите“ „критично“, бидејќи тоа е најнапредниот одбранбен систем на кој алијансата може да смета.
Столтенберг рече дека други одбранбени системи, вклучително и ракетниот систем земја-воздух НАСАМС, може да и бидат доставени на Украина. Тој додаде дека состанокот на Советот НАТО-Украина ќе се одржи утре и дека се очекува виртуелно да учествува украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Охрабрен сум од посветеноста и одлучноста на сојузниците во НАТО да застанат во одбрана на Украина“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека има охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес наскоро би можел да го отклучи пакетот помош од 60,84 милијарди долари за Украина.
Европа
(Видео) Катастрофални поплави во Русија, куќи под вода, илјадници евакуирани
Поради последиците од големите поплави, во Русија се поплавени околу 18.000 домови, додека реката Тобол во областа во близина на границата со Казахстан се заканува да се искачи на рекордно ниво. Државната новинска агенција Тасс објави дека од вчера се поплавени уште 1.700 куќи. Илјадници луѓе се евакуирани во последните неколку дена.
Massive flood after the water level in the Ural River risen in Orenburg, Russia 🇷🇺 (13.04.2024)
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/SXxuuoAmI1
— Disaster News (@Top_Disaster) April 13, 2024
Регионот Оренбург јужно од планината Урал и регионот Курган во Сибир беа најтешко погодени од катастрофални поплави во близина на јужната граница со Казахстан. Во главниот град на регионот, Курган, реката Тобол порасна за метар и половина за само 24 часа. Курган се подготвува за рекорден водостој и за големи поплави, изјави министерот за вонредни состојби Александар Куренков, кој рече дека нивото на водата се зголемува и во блиската област Тјумен во Сибир.
1/10🌊🇷🇺 #RussiaIsCollapsing
While the Russians fight in #Ukraine 🇺🇦, #Russia is sinking
📍#Kurgan the risk of another dam failure is high
As in #Orenburg & #Orsk, residents leave their homes, leaving dogs chained to deter looters. They won’t survive it. #floods #Rosja #Russie pic.twitter.com/JMURpr5Rbv
— 𝐀𝐧𝐧𝐚 𝐊𝐎𝐌𝐒𝐀 | 🇪🇺🇫🇷🇵🇱🇺🇦 (@tweetforAnna) April 18, 2024
Во моментов има приближно 94 села каде живеат 34.000 луѓе во опасност од поплави. Во четвртокот властите евакуираа 1.500 луѓе од Тјумен и ги транспортираа на безбедно. По обилните дождови и невообичаено снежната зима, Русија оваа година се бори со исклучително тешки сезонски поплави.
Жителите на погодените подрачја ги обвинуваат властите дека доцна преземаат мерки за нивна заштита и дека не реагираат доволно брзо. Слични поплави ги погодија областите преку границата во соседен Казахстан, каде властите претходно почнаа да ги евакуираат луѓето. Досега од таа област се евакуирани повеќе од 100.000 жители.
Европа
Захарова: Киев продолжува отворено да најавува терористички напади врз Русија
Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, на брифинг со новинарите рече дека режимот во Киев продолжува отворено да најавува планирани терористички напади врз Русија.
„Режимот во Киев продолжува отворено да најавува планирани терористички напади на руска територија, чии детали, нема да верувате, се детално дискутирани во западниот печат“, рече Захарова, според државната руска новинска агенција ТАСС.
Захарова наведе дека во украинските напади се повредени руски цивили и додаде дека украинските специјални служби не се откажуваат од „масакрите на нивните поранешни сонародници“.
„Просветените, како што се нарекуваат себеси, престолнините на колективниот Запад сè уште не го оквалификуваат ова како терористички напад. Како можат да го оквалификуваат како таков? Во спротивно, ќе мора да донесат резолуции и закони со кои се осудува нивното спонзорство на тероризмот“, изјави Захарова на новинарите, пишува ТАСС.