Контакт

Европа

(Видео) Шпанската влада одобри пакет мерки за домување; Санчез ги претстави

Објавено пред

Иселувањето на 87-годишна жена од нејзиниот стан во Мадрид предизвика протести низ Шпанија и го зголеми притисокот врз премиерот Педро Санчез. Демонстрантите бараат оставка од владата, обвинувајќи ја дека не успеала соодветно да се справи со станбената криза, пренесува „Еуроњуз“.

Шпанската влада вчера одобри пакет итни мерки во областа на домувањето. Одлуката уследи по немирите во Барселона, каде што десетици илјади луѓе протестираа барајќи брзи решенија. Овие протести се надоврзуваат на демонстрациите одржани низ целата земја за време на викендот, поттикнати од иселувањето на 87-годишната Марија дел Кармен Абаскал од нејзиниот дом во Мадрид минатиот месец. Одобрените мерки се слични на оние што парламентот ги отфрли минатата недела.

Коалициската влада на премиерот Педро Санчез нема парламентарно мнозинство; минатата недела, десничарските опозициски партии го отфрлија нејзиниот предлог за итни декрети за домување. По тој потег, Санчез повика на предвремени избори кои ќе се одржат на 29 ноември.

Итни мерки за домување
Пакетот од 21 точка вклучува стимулации за изнајмување или купување на прв дом, проширена заштита од иселување за ранливите категории граѓани и регулативи за издавање соби.

Исто така, се воведува нов данок за сезонско издавање, се забранува шпекулативно купување недвижности и се нудат даночни олеснувања за сопствениците и станарите кои редовно ги подмируваат своите финансиски обврски.

„Нема да дозволиме уште едно иселување како она што го доживеа Марикармен, или оние што се случија откако беа укинати декретите“, им рече Санчез на новинарите во претседателската палата, обраќајќи ѝ се на Абаскал со нејзиниот прекар.

Шпанскиот премиер додаде дека владата ќе формира и фонд од 10 милијарди евра за кредити до 50.000 евра за купување прв дом, како и субвенции за изградба. Бидејќи парламентот е распуштен поради изборите, овие мерки мора да бидат ратификувани од привременото законодавно тело.

Тоа тело брои 69 члена – за разлика од 350 пратеници во полниот состав на парламентот – што значи дека на коалицијата на Санчез ѝ се потребни само 35 гласа за да ги усвои мерките. Сепак, премиерот побара поддршка и од опозицијата.

„Ова не е прашање на идеологија, туку на здрав разум“, изјави тој. „Многу Шпанци очекуваат решенија – и тоа не само оние што се собираат на градските плоштади или илјадниците демонстранти на улиците. Зборувам за милиони граѓани кои очекуваат од своите претставници да покажат храброст и да им се спротивстават на моќниците, наместо да им се покорат“, рече тој.

Најново

Забава12 минути

(Фото) Имаат над 50 години, а сепак изгледаат како да се во своите дваесетти: Овие славни дами му пркосат на времето

Без разлика дали станува збор за добра генетика, дисциплина или специфични ритуали за нега на себе, овие познати жени пронашле...

Европа21 минута

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива за периодот од декември оваа година до мај следната година, се наведува во...

Регион32 минути

Српски ловци придружуваа авион на „Виз ер“ по уште една закана за бомба

Два борбени авиона на српското воено воздухопловство пресретнаа авион на „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија, откако пристигнала...

Свет44 минути

Шефицата на Европската централна банка си заминува: два кандидати во трка за нејзин наследник

Шпанецот Пабло Ернандес де Кос и Холанѓанецот Клас Нот се двајцата кандидати за позицијата нов претседател на Европската централна банка...

Забава60 минути

Финансиска пресвртница: Овие 3 хороскопски знаци ќе доживеат таков прилив на пари, што ќе ги решат сите свои проблеми

За три хороскопски знаци доаѓа крај на сиромаштијата, што се совпаѓа со Младата месечина во знакот на Шкорпија. Зголемувања на...

Забава1 час

(Фото/Видео) „Најсекси пензионерката“ има тело од соништата: Позираше во минијатурно бикини во петтата деценија

Алесандра Амбросио повторно престојува на Бали – истото место каде што Бак Палмер неодамна ја побара за жена. Промената на...

Забава1 час

(Фото/Видео) Контроверзната манекенка ги „заборави“ панталоните

Кара Делевињ претвори еден преголем црн блејзер со масивна, скулптурална јака во вистински моден спектакл – нешто што само таа...

Култура2 часа

Викендов на СФФ2026: Фокус на слободата на говорот, европски краткометражни филмови, психолошки драми и регионални соработки

Скопје Филм Фестивал 2026 носи богат и возбудлив филмски викенд. Во сабота, гледачите може да очекуваат филмска агенда фокусирана врз...

Култура2 часа

Амбасадата на Грција го најавува концертот на Maria Kostraki – Mosaico Mediterraneo

Амбасадата на Грција во Скопје со задоволство го најавува концертот на ансамблот Maria Kostraki – Mosaico Mediterraneo, којшто ќе се...