Европа
Сијарто: Мораме да се заштитиме од новиот бегалски бран
Можен е нов бегласки бран и мораме да се заштитиме, рече во петокот унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто појаснувајќи зошто неговата земја се одлучила да изгради нова ограда, што претходно во петокот го објави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Новите настани на Блискиот исток и во регионот, како и предизвиците со кои е соочен договорот меѓу Европската унија и Турција говорат дека не е можно да се исклучи нов бегалски бран, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто на маргините од Дубровник форумот на кој се разговараше за миграциите во рамките на надворешнополитичкиот панел „Глобални предизвици“, пренесува агенцијата Hina.
„Мораме да се заштитиме, оградата беше толкупати пробиена, мораме да бидеме сигурни дека нема да биде пробиена од југ, и тоа е причината за подигнување нов ѕид“, објаснил Сирјарто и додал дека новата оградата треба да почне да се гради што е поскоро можно.
„Будимпешта секогаш зборуваше дека во процесот на преговарање за договорот меѓу ЕУ и Турција тој договор не може да биде единствениот инструмент бидејќи не може да нé заштити од новиот бегалски бран“, рекол Сијрато“.
Смета дека ЕУ не ги направила неопходните чекори за да се заштити од мигрантскиот бран од југо. „Сите милеа дека миграцијата е завршена, но не е така“, рекол шефот на унгарската дипломатија додавајќи дека затоа Будимпешта мора да се организира за да се заштити, како и дека „штитејќи се себеси ги штитиме и земјите северно и западно од нас“.
Со договорот меѓу Брисел и Анкара, Турција се обврзува да ги задржи бегалците на својата територија во замена за забрзува не престапните преговори, парична помош од неколку милијарди евра за згрижување на бегалците и укинување на визите за турските државјани на ниво на ЕУ. Меѓутоа турските власти се почесто истакнуваат дека Европската унија не ги почитува своите должности од договорот.
„Во текот на преговорите меѓу ЕУ и Турција, Унгарија истакнуваше дека ЕУ може да го вети само она што може да го исполни, а во случајот на визите Анкара мора да ги исполни сите барани критериуми, што не го стори“, рекол Сијарто./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.