Европа
Шкотска „ја разгори“ Каталонија
Зајакнувањето на движењето за независност на Шкотска предизвика разгорување на националните страсти и во шпанскиот регион Каталонија.
Во четвртокот најавени се демонстрации на Каталонците кои се залагаат за отцепување од Шпанија. Најновите анкети во Шкотска, каде на 18-ти септември се одржува референдум за независност, покажаа дека мнозинството Шкоти сакаат да излезат од Обединетото Кралство.
Претседателот на Каталонија, Артур Мас, и покрај острото спротиставување на шпанската влада, најавил план за одржување „консултации“ за независност на 9-ти ноември оваа година.
„Емоциите на Каталонците сега, токму пред најавените демонстрации, дополнително ги ’запалија’ Шкотите“, истакна 32-годишниот архитект Џозеф Марија Гуел, претставник во Каталонското национално собрание на групата за незаисност на регионот.
„Случајот со Шкотите покажува дека со дијалог и политичка волја на Мадрид можеме да го решиме ова демократски“, нагласил Гуел.
Каталонија во четврток, на 11 септември го слави националниот празник „Диада“, кој се паѓа точно на само една седмица пред референдумот во Шкотска.
На овој ден во 1714 година силите на шпанскиот крал Фелипе Петти ја поразиле каталонската војска.
Голем број жители во североисточниот дел на Шпанија го доживуваат овој ден како ден на губењето на автономијата.
Овогодинешнбиот „Диада“ ќе биде посветен на освојувањето право на одржување гласање за тоа дали Каталонците треба да се отцепат од Шпанија, што за шпанската влада, пак, е неуставен чекор.
„Во Шкотска веќе победија бидејќи им е дозволено гласање“, рекла претседателката на Каталонското национално собрание, Карме Форсадел, која додала дека доколку желбата за самостојност во Шкотска победи таквиот тек на настаните ќе им одговара на Каталонците нагласувајќи дека тие потоа ќе ги следат реакциите на Европската унија.
Во Каталонија живеат 7,5 милиони жители, кои се гордеат со својот каталонски јазик и култура.
Каталонија сочинува една петтина од шпанската економија, но таа е тешко погодена од финансиската криза која избила во 2008 година.
Масовните демонстрации на националниот ден „Диада“ започнаа во 2012 година кога улиците на Барселона беа преплавени со демонстранти. Една година подоцна, во 2013, стотици илјади демонстранти формираа човечки синџир по целата должина на брегот на Каталонија.
Оваа година, каталонските демонстранти планираат на двете централни авении во Барселона да формираат буква „В“ за остварување на правото на глас.
Организаторите истакнале дека повеќе од 455 илјади лица се пријавиле до сега за учество на демонстрациите, кои ќе се одвиваат под слоганот „Време е сега“, а улиците ќе бидат преплавени со црвеножолтите знамиња на Каталонија, пренесуваат светските медиуми.
По последната средба со шпанскиот премиер, Маријана Рахој, во јули, шпанскиот премиер порашал дека до гласање „не може и нема да дојде“.
Рахој истакнал дека такви нешто нема предвидено во уставот на Шпанија.
За разлика од Шкотска, на која референдумот и го одобри британската влада, каталонскиот план за „консултации“ за независност се соочува со жесток отпор помеѓу националните лидери.
Каталонското движење кое се противи на независноста, Каталонско граѓанско општество, одбива Каталонија да се споредува со Шкотска.
„Тоа се две различни реалности. Каталонија е регион, не нација како Шкотска“, истакнал потпретседателот на Каталонското граѓанско општество, Сузан Балтран.
„Ние сме две земји кои се борат за иста работа“, порачал 54 годишниот трговец Салвадор Горо.
„Доколку работите тргнат на добро за нив, ќе биде добро и за нас“, заклучил Каталонецот Горо во пресрет на демонстрациите на каталонските демонстранти кои се најавени за четврток, на националниот празник „Диаду“, пренесува агенцијата AFP./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.