Европа
Словачкиот премиер во Москва предложи проект за ‘Турскиот тек’
Словачка ѝ предложи на Русија проект со Бугарија, Романија, Унгарија и Европската унија во врска со ‘Турски тек’, изјави на прес-конференцијата во Москва во вторникот словачкиот премиер Роберт Фицо по разговорите со неговиот домаќин и руски колега Дмитриј Медведев.
„Тоа е поврзано со руско-турската траса, проект кој ќе започне да се реализира во 2016 година“, појаснил Фицо, пренесува агенцијата ТАСС.
Според него, предложениот проект од страна на Словачка треба да биде спроведен со учество и поддршка на Европската унија. „Секоја влада на Словачка е должна да осигури гасоводот кој минува низ територијата на земја никогаш да не биде празен“, додал Фицо.
„Словачка е свесна дека од јануари 2020 година престанува да важи договорот за транзит на гасот преку Украина. Доколку ние не бидеме транзитери на гасот, тогаш нашиот буџет ќе претрпи многу штета“, додал словачкиот премиер.
Русија во 2019 година ќе го прекине снабдувањето со природен гас на Европа преку Украина. Русија во јануари објави дека поради недоразбирањата со Европската унија, го повлече проектот „Јужен тек“ кој преку Црното Море требаше преку Бугарија и Србија да го испорачува рускиот гас до централна Европа, Унгарија, Австрија и Италија, како и за балканските земји.
Словачка не може да се меша во руско-украински односи, вклучувајќи ги и прашањата за гасот, истакнал Фицо.
„Меѓутоа, ние не можеме само да седиме и да чекаме кога Украина ќе биде надвор од гасоводниот систем. Оттаму, актуелноста на проектот ќе се зголемува како што ќе се реализира ‘Турскиот тек’. Таквите проекти можеме да ги реализираме само врз основа на договор меѓу четирите земји, како и со учество на Русија. Одговорноста нé тера да бараме алтернативни патишта за решавање на ова прашање“, заклучува словачкиот премиер.
„Со мојот колега денеска ги разгледувавме можностите за имплементација на тие варијанти, коишто ги создава ‘Турскиот тек’, откако гасот ќе дојде до границата на Грција, за земјите во Европа, и можното приклучување кон сите овие процеси“, додал рускиот премиер Дмитриј Медведев.
Рускиот премиер признал дека постојат ризици во новиот проект „Турски тек“, но и оти, исто така, во целина во оваа сфера работите добро се одвиваат.
Проектот „Турски тек“ претпоставува изградба на гасовод со капацитет од 63 милијарди кубни метри природен гас од Русија во Турција преку Црното Море, кој до турско-грчката граница ќе носи до 47 милијарди кубни метри гас. Се предвидува на границата меѓу Турција и Грција да се изгради гасоводен хаб (мрежа), а земјите членки на ЕУ коишто ќе бидат заинтересирани да се снабдуваат со енергенсот преку овој систем треба да изградат сопствени транспортни капацитети за натамошно прифаќање на овој гас на нивна територија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.