Европа
Со приближувањето на изборите во Каталонија расте загриженоста на Мадрид
Претседателот на шпанската покраина Каталонија во понеделникот ги распишува регионалните избори кои ги смета за плебисцит за независноста, што сé повеќе ја загрижува владата во Мадрид.
Приврзаниците на независноста на Каталонија гледаат на предвремените избори коишто претседателот Артур Мас официјално ќе ги распише на 27-ми септември како на битка „на сé или ништо“. Доколку победат, ветуваат дека оваа покраина во северозападна Шпанија со 7,5 милиони жители ќе биде независна за 18 месеци.
„Подготвени сме“ истакнува Мас. Неговиот тим веќе неколку месеци работи на воспоставување паралелна управа која ќе ги преземе овластувањата од државата.
Кон крајот на јули каталонската покраинска влада го изнесе во јавноста својот модел на даночна управа доколку дојде до отцепување и ја одобри законската уредба со којашто се забрзува претворањето на јавните кредитни институции во централна банка на Каталонија. Покрај тоа, ја зајакна и дипломатската мрежа, за во странство да га добие поддршката за своите заложби.
Каталонското прашање повторно се најде во центарот на вниманието кон средината на јули, кога партиите наклонети на независноста ги надминаа поделбите и се обединија пред излегувањето на регионалните избори. Партии на таа заедничка листа се надеваат дека ќе освојат апсолутно мнозинство во регионалниот парламент којешто ќе биде доволно за покренување постапка за отцепување.
Институциите на централната власт ги отфрлаат таквите проекти. „Нема да има независност на Каталонија“, предупреди конзервативниот премиер Маријано Рахој, а кралот Филип Шести, суверен на Шпанија, повика на демократска кохабитација во мир и во слобода.
Два месеца пред изборите се чини дека приврзаниците и противниците на независноста се изедначени. „Поголемиот дел од заедницата е за единство, но тоа мнозинство не се мобилизира и не е единствено. Затоа приврзаниците на независноста би можеле да победат, оценува Начо Мартин Бланко, аналитичар и коментатор на конзервативниот дневен весник ABC.
Кон крајот на март 2014 година, Уставниот суд на Шпанија делумно ја поништи декларацијата за сувереноста на Каталонија којашто ја изгласа тамошниот парламент уште во јануари 2013 година. Судот донесе одлука според којашто референдумот за отцепување не е во согласност со законот, како и дека регионот во составот на Шпанија не можат еднострано да распишуваат плебисцит за самоопределување.
Каталонскиот парламент на 23-ти јануари 2013 година со мнозинство гласови ја усвои декларацијата за статусот на Каталонија како „суверен правен и политички ентитет”, што го отвори патот да биде спроведен референдум за иднината на покраината. Сепак, законитоста на таквиот референдумот е уште едно големо прашање, откако Уставниот суд на Шпанија го прифати барањето на централната влада на Шпанија да го суспендира дејствието на каталонската декларација.
Причина за остриот раст на сепаратистичките тенденции во Каталонија се проблемите во економијата, со оглед на финансиската и економската криза во Шпанија. Застапниците на отцепувањето на Каталонија од Шпанија веруваат дека економски развиениот регион, чијашто економија е поголема од, на пример, на Португалија, кој има удел од 20 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на кралството, го издржува остатокот од Шпанија. Каталонците сметаат дека тие и повеќе уплаќаат во заедничката каса отколку што им се враќа и дека добиваат во форма на грантови и исплати помал износ од 16 милијарди евра годишно, што е еднакво на 8 отсто од регионалниот БДП. Меѓу населението на Каталонија владее уверување дека не треба да се толерира таквата неправда и дека е време да престанат да плаќаат за грешките на економските политики Мадрид.
Централната власт на Маријано Рахој остро ја осудува идејата за независност на Каталонија и во неколку наврати самиот премиер изјави дека ќе направи сѐ што е можно за да се спречи отцепувањето. Во моментов, според членот 92 од Уставот на Шпанија, ваквите одлуки ги носи централната власт и Конгресот на пратениците, а ги одобрува кралот.
Мадрид, исто така, може да го примени правото на укинувањето на автономното управување на регионалните влади, а во согласност со членот 8,1 од Уставот да ја искористи армијата за заштита на унитарноста на земјата.
Покрај тоа, на сепаратизмот се спротиставуваат и делови од каталонската бизнис заедница коишто стравуваат од губењето на важниот за нив шпански пазар и неподготвеноста на Европската унија за прием на нова членка.
Според водечките политичари во Каталонија ќе биде најсоодветно да го има статусот како членка на Европската унија. Каталонија, на тој начин, се обидува да се здобие со статусот на европска нација со истите овластувања како што се предвидени за, на пример, Данска, Словенија, Финска, Естонија, Литванија и Латвија.
Во моментов Каталонија е најзадолжената од 17-те шпански автономни региони. Но Каталонија е првиот економски извозник во Шпанија со 28 отсто од шпанскиот извоз, „доколку Каталонија е држава, би биле меѓу првите 50 земји извозници на светот”, истакна во своите минатогодишни истапувања каталонскиот премиер Мас.
Како и другата шпанска покраина со сепаратистички тенденции Баскија, и населението на Каталонија има засебен јазик и култура од остатокот од Шпанија. Меѓутоа јакнењето на рецесијата во Шпанија, и невработеноста од 25 отсто и драстичните мерки за штедење, во Каталонија ги засили тенденциите за самостојност.
Како и Шкотска во Велика Британија, Фландрија во Белгија или Паданија во Италија, и Каталонија верува дека подобро ќе живее како самостојна држава којашто не мора да ги финансира посиромашните региони./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија: Ќе ги таргетираме украинските магацини во кои се доставува западното оружје
Русија ќе ги интензивира нападите врз украинските бази за складирање во кои е сместено оружјето доставено од Запад, изјави денеска министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, а Соединетите Држави се подготвуваат да одобрат и достават долго одложувана нова воена помош.
Шојгу рече дека Русија „го отфрли митот за супериорноста на западното оружје“ и дека нејзините сили презеле иницијатива на фронтот долг 1.000 километри.
Тој алудира на фактот дека в сабота, по гласањето во Претставничкиот дом, Вашингтон е подготвен да достави нов пакет воена помош за Украина, вреден речиси 61 милијарда долари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев набргу ќе добие повеќе ракетни системи со долг дострел ATACMS како дел од ветениот пакет. Американските власти рекоа дека помошта ќе вклучува испорака на муниција и пресретнувачи за системи за противвоздушна одбрана за Украина.
„Со оглед на заканите од САД и нивните сојузници, ние мора да продолжиме да ги подобруваме составот и структурата на вооружените сили и да го зголемиме производството на најпопуларното оружје и воена опрема“, рече Шојгу додавајќи дека руските сили „ќе го зголемат интензитетот на нападите врз логистичките центри и базите за складирање на западното оружје“.
Рускиот министер за одбрана повтори дека Русија овој месец ги освоила селата Первомајске, Бохданивка и Новомихајливка.
Во понеделникот украинскиот командант го негира падот на Новомихајливка велејќи дека неговите војници сè уште држат 15- 20 отсто од селото.
Руското Министерство за одбрана објави дека руските маринци, кои учествувале во заземањето на Новомихајливка, заробиле оружје од западно производство, вклучувајќи шведски фрлачи на гранати, американски противоклопни системи Javelin и системи за електронско војување на НАТО.
Европа
Првиот разузнавач на Германија: Русите се подготвени и за саботажа
Кинезите се активни во Германија во собирање информации за воената технологија, изјави за „Дојче веле“, Томас Халденванг, претседател на Сојузната канцеларија за заштита на Уставот, домашната разузнавачка служба на Германија.
Халденванг зборуваше за апсењето тројца германски државјани поради сомнение дека на Кинезите им откриле информации за нови технологии, кои може да се користат за воени цели.
„Ова е случај од особено значење. Се занимаваме со проширување на активностите, се работи за знаење за производство на оружје“, додаде тој.
Халденванг разговараше за „Дојче веле“ пред новото апсење во врска со наводното кинеско шпионирање. Во вторникот вечерта, помошник на европскиот претставник на Алтернатива за Германија (AfD) беше уапсен во Дрезден за давање информации на Кинезите.
Тоа беше само продолжение на шпионските игри во последно време. Претходно, двајца руско-германски државјани беа уапсени во Баварија под сомнение дека снимиле американски воени бази во Германија и подготвувале напад.
„Со години забележуваме дека Русија има развиено големи активности овде во Германија“, вели Халденванг. „Уште пред војната во Украина реков дека заканата е слична на онаа од времето на Студената војна“.
„Се разбира, сè беше интензивирано со рускиот напад врз Украина и мораме да разбереме дека Русија се занимава со шпионажа, сајбер-шпионажа, операции за влијание, дезинформации“, продолжи првиот човек на германската разузнавачка служба.
Според него, Германија е особено нападната како важен играч во воената и политичката поддршка за Украина. Украинските војници се обучуваат и во Германија.
Халденванг рече дека во екстремен случај рускиот репертоар вклучува саботажа. „Може да се смета дека витален интерес на Москва е да ја спречи или попречи испораката на оружје за Украина. А земја што е подготвена да води војна со најбрутални средства сигурно нема да се оддалечи од саботажа. Така и ние во Германија мораме да бидеме подготвени за тоа сценарио“.
Како што наведе, германските служби се во состојба на готовност и веќе на почетокот на војната во Украина прогласиле „голем број руски агенти“ за непожелни, што ги „ослабнало можностите на руските служби во Германија“.
Како што додаде Томас Халденванг за „Дојче вече“, исламистички групи и поединци се на радарот на службата поради можни терористички напади. Особено што летово претстојат два големи спортски настана: Европското фудбалско првенство во Германија и Олимписките игри во Париз.
„И на тоа поле нивото на закана е високо. Во моментот, иако не се познати конкретни планови за напад, апстрактната опасност е исклучително висока“, додаде тој.
Тој изјави дека особено Исламската држава Корасан, активна во Авганистан и Пакистан, се залага за голем, спектакуларен напад.
„Можеме да замислиме разни сценарија. Едно многу опасно е, на пример, тимови на напаѓачи да доаѓаат во Германија, можеби некои веќе дошле, а потоа да извршат напад како група“, рече Халденванг.
Други сценарија вклучуваат радикализација на поединци, додаде тој. Како една од новите причини за радикализација тој ги наведе ситуацијата во Појасот Газа и пропагандата на исламистичките групи, кои поттикнуваат поединци да вршат напади.
Европа
Евакуиран хотел во Рим поради отровни испарувања од базенот: пет лица отруени, затворени и околните улици
Најмалку пет лица се повредени во хотел во центарот на Рим кога дошло до испуштање штетни испарувања од базенот. Наредена е итна евакуација на сите присутни гости и вработени.
Според италијанските медиуми, повредените се во болница, а едно лице е во многу тешка состојба.
Повредени се вработените во хотелот, а најмалку 35 лица се евакуирани.
Во моментот кога алармот се вклучил, во хотелот имало само неколку туристи, кои биле на појадок.
Отровни испарувања доаѓале од бањата и велнес-центарот на долниот кат од хотелот, а се сомневаат дека се од базенот.
Полицијата го обезбедувала и просторот во непосредна близина на хотелот, а поради отровните испарувања, биле затворени околните улици.