Европа
Шојбле: На Германија ѝ се потребни имигрантите
Германскиот министер за финансии Волгфанг Шојбле изјави дека имиграцијата е добра за земјата, како и дека политичарите мора подобро да објаснуваат како од неа сите може да имаа полза.
Бројот на оние коишто во Германија бараат азил, повеќето до Сирија, се зголемил за повеќе од двојно во 2014 година и изнесува околу 200 илјади, а нето имиграција во таа земја е на највисокото ниво во последните две децении. Многу Германци се загрижени околу трошоците за имигрантите, дека имигрантите им ги земаат работните места, па дури се јави и граѓанско движење кое протестира против имиграцијата, особено од Блискиот исток, предупредувајќи на „исламизација на земјата“.
На почетокот од седмицава 17 илјади луѓе учествуваа во најголемиот од веќе традиционалниот антиимиграциски собир во источногерманскиот град Дрезден. Демонстрантите слушаа божикни песни и говорници кои се жалат од имигрантите и азилантите. Станува збор за десетти и досега најголем собир во организација на движењето Pediga, кое брзо добива на масовност, а претставува акроним од Патриотски Европејци проти исламизација на Западот.
„Светот е поотврен а имиграцијата на сите им помага. Токму како што користевме милиони бегалци и протерани по Втората светска војна за повторно градење на земјата…, така и денес ни се потребни имигрантите“, изјави германскиот министер за финансии Волгфанг Шојбле за Bild Online, одговарајќи на прашање на новинарот да ја коментира се’ поголемата популарност на Pediga.
Имиграцијата влијае врз политичката агенда на Германија, Некои членови на делот од владината коалиција кој го претставуваат конзервативците од CDU/CSU на канцеларката Ангела Меркел, се загрижени дека ризикуваат да ја загубат поддршката, доколку не одговорат на стравувањата на избирачите. Гласачите веќе во неколку европски земји ги казнија тамошните власти, меѓу кои и британската и шведската, бидејќи не го решаваат прашањето на имиграцијата.
„Секако дека мораме да живееме заедно со имигрантите. Тоа ќе го промени нашиот секојдневен живот, но нема да го влоши, туку ќе го подобри“, додаде Шојбле, кој инаку е член на христијанските демократи од CDU на Меркел.
Имиграцијата е особено чувствително прашање во Германија поради нејзиното нацистичко минато. Германските прописи за азил се меѓу најлибералните во светот.
Шојбле, исто така, вели дека политичарите мора подобро да ги објаснуваат промените во секојдневниот живот, со што останува на курсот на она што претходно седмицава го порача и германскиот претседател Јокаим Гаук, велејќи дека народот не би требало да стравува. „Луѓето имаат право да се плашат од исламскиот тероризам. Но не и од исламот“, рече Гаук./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече Фон дер Лајен на Европскиот самит за одбрана и безбедност.
Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од новата генерација за да „победи на бојното поле“.
„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно материјално количество и технолошка супериорност што можеби ќе и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашиот одбранбен индустриски капацитет во следните пет години,“ изјави Фон дер Лајен.
Европа
(Видео) Русите го гранатираа Чернихив, загинаа најмалку 13 лица, Зеленски бара дополнителна помош
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка по рускиот ракетен напад врз северниот град Чернихив утринава, при што загинаа најмалку 13 лица.
„Ова немаше да дојде до ова доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на „Телеграм“.
Министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, во изјава за „Телеграм“ рече дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени и дека спасувачките операции се во тек.
Во нападот беа оштетени и четири катни згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.
Русија изврши напад со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис „Суспилна“. Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.
Локалното население е повикано да дарува крв, изјави градоначалникот Олександр Ломако. Чернихив се наоѓа на речиси 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија. Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернихив беше нападнат, но не беше преземен.
Европа
Во Германија уапсени 10 лица: за пари набавувале дозволи за престој на странци
Во Германија денеска во полициска акција се уапсени десет лица осомничени дека за големи суми пари набавувале дозволи за престој во Германија за странци од Кина и арапските земји.
„Главни осомничени се двајца адвокати од Келн, а истрагата се води против 38 можни члена на шверцерската банда и против 147 други лица, кои се занимавале со систематски шверц на луѓе“, се вели во соопштението на полициската управа на град веднаш до Келн, кои ја водат операцијата.
Осомничените се обвинети дека донеле странски државјани во Германија и ги набавиле потребните документи за големи суми пари, од 30 до 350 илјади евра. Осомничените основале фиктивни фирми и лажни адреси со кои се регистрирале лица од странство.
Весникот „Билд“ пишува дека меѓу осомничените има и вработени во неколку канцеларии за странци во регионот Рајнланд-Пфалц, кои издавале дозволи за престој за пари. Еден од нив е меѓу уапсените. Како што е соопштено, за време на рацијата била запленета и голема количина пари. Минатата година, со 300.000 бегалци и баратели на азил, Германија забележа значителен пораст на илегалниот влез во земјата.