Европа
Штајнамер по критиките за НАТО за односот кон Русија, се залага за постепено укинување на санкциите
Откако во интервјуто за Bild остро го критикуваше НАТО за непријателски став кон Русија, шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнамер во неделата порача дека Европската унија би требало постепено да ги укинува наметнатите санкции против Русија поради кризата во Украина, доколку дојде до значаен напредок во мировниот процес.
Ваквите изјави на германскиот министер за надворешни работи Францк-Валтер Штајнмаер, според коментаторите, јасно ја одразуваат сé поизразената поделба во владејачката десно-лева коалиција околу политиките кон Русија. Социјалдемократската партија на Германија (SPD), од која доаѓа Штајнамер, заговара попомирливи ставови кон Русија, отколку канцеларката Ангела Меркел, кој доаѓа од конзервативната Унија CDU/CSU.
Меркел имено повеќепати повтори дека санкциите наметнати против Русија можат да бидат укинати само доколку потполно а не делумно се спроведе договорот од Минск за постигнување мир во Украина.
Штајнамаер меѓутоа, смета поинаку. „Санкциите не се цел самите по себе. Тие треба да поттикнат промени во однесувањето“, изјави за RedaktionsNetzwerk, мрежа од регионални и локални весници.
Тој вели дека се застапува за постепено укинување на санкциите доколку руската влада покаже дека два свој придонес во спроведувањето на мировниот план од Минск за Украина и додава „Пристапот сé или ништо, дури и доколку звучи добро, не функционира“.
Штајнамер го отфрла критиките дека настапува како „адвокат на Кремљ“.
„Мораме и натаму заеднички да размислуваме, доколку сакаме да најдеме решение за другите големи судири“, додава Штајнмаер упатувајќи на граѓанската војна во Сирија каде Русија активно го поддржува претседателот Башар ал-Асад и чија поддршка доведе до пресврт во ситуацијата на теренот, особено во однос на поразите на Исламската држава.
Европската унија во петокот ги продолжи санкциите за уште една година за полуостровот Крим кој преку референдум се отцепи од Украина и се присоедини на Руската Федерација, што за западот е илегална анексија.
Се очекува дека Европската унија оваа седмица до крајот на 2016 година ќе ги продолжи своите широки санкции против Русија, наметнати под притисокот на САД, иако некои земји членки се противат на тоа./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.