Европа
Штајнмаер ја обвини Русија дека избрала ‘конфронтација’
– Шефот на украинската дипломатија Павло Климкин (л) и германскиот Франк-Валтер Штајнмаер
Русија го предизвика судирот во источна Украина решавајќи да оди по „патот на судирите“, изјави во петокот германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер за време на неговата посета на Киев.
Русија го предизвика судирот во источна Украина решавајќи да оди по „патот на судирите“, изјави во петокот германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер за време на неговата посета на Киев.
„Не беше патот на соработката меѓу Украина и Европската унија кој доведе до судирот. Беше тоа патот на судирите кој го избра Русија. Анексијата на Крим, како кршење на сите норми на меѓународното право, и непрекинатите воени акции во источна Украина – тоа е патот на судирите“, изјави во украинската престолнина шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер.
Порача дека санкциите на Западот против Русија ќе бидат укинати дури кога прекинот на огнот во источна Украина ќе биде почитуван. „На Русија јасно ѝ ги пренесовме нашите пораки. Меѓународните санкции против Русија се директно врзани со целосна примена на договорот“ за примирје од Минск“, рече Штајнамер.
Шефот на германската дипломатија, кој во сабота ќе го посети четвртиот по големина украински град Днепропетровски, исто така на рускојазичниот исток кој е под контрола на украинските сили, бара почитување на прекинот на огнот истакнувајќи дека „нема воено решение“ за судирот на истокот од Украина.
Станува збор за второ по ред примирје од септември минатата година, кој е договорен на 12-ти февруари во Минск, меѓу челниците на Украина, Русија, Франција и Германија./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.