Европа
Судир меѓу демонстранти и полицијата на италијанско-австриската граница
Полицијата употребила солзавец и пендреци против демонстрантите кои во неделата демонстрираат поради воведувањето на построгите контроли на границата меѓу Австрија и Италија.
Австрија распоред околу 300 полицајци на Бренер, планински премин меѓу двете земји, додека околу 250 лица, главно Италијанци, протестираа против плановите на Виена, на преминот да постави ограда и контролни точки, соопшти полицискиот портпарол.
Австрија претходно месецов ја извести Италија дека ќе воведе построги гранични контроли, доколку мигрантиските рути се пренасочат преку оваа земја, а италијанските власти не успеат да ги запрат барателите на азил на патот кон Австрија.
Овој план предизвика аларм во Итлија, бидејќи би можел да го попречи непреченото одвивање на сообаќајот на планинскиот премин кој е дел од еден од најважните патни и железнички правци во Европа.
Покрај тоа, преминот Бренер е и сомболички важен бидејќи ја поврзува австриската покраина Тирол со италијанската Јужен Тирол во којашто се зборува на германски јазик.
Новиот австриски министер за внатрешни работи Волфган Соботка изјави во саботата дека за тоа ќе разговара со италијанските власти, но истовремено предупреди дека „оградата ќе биде поставена доколку Италија не преземе одредени мерки“.
Пред две седмици австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил најави дека Австрија најдоцна до 1-ви јуни има намера да воведе засилени контроли на граничниот премин Бренер кон Италија, во рамките на поостриот пристап на Европската унија кон мигрантската криза. Локалните медиуми истовремено јавија дека се започната работите на подигнување на оградата и пунктовите за контрола./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.