Европа
Судот во Хаг забрани книга за Сребреница
Книгата на холандскиот автор Едвин Гилтај, која говори за дејствувањето на холандскиот баталјон во Сребреница, забранета е во Холандија од страна на судот во Хаг.
Книгата наводно во еден дел ја компромитира официјалната холандска верзија за настаните од 1995 година.
Судот му забранил на авторот дистрибуција и продажба на книгата под назив „Де дофпотгенерал” (De doofpotgeneraal), а забранети се и сите промотивни активности.
Имено, во книгата станува збор за холандскиот баталјон во Сребреница. Еден припадник на баталјонот, според авторот, ги забележал злосторствата во базата во Поточари во јули 1995 година, но фото-ролната подоцна исчезнала без трага во лабораторијата во Хаг. Авторот ја обвинува поранешната припадничка на холандската разузнавачка служба (МИД) за одговорна за скандалот во Министерството за одбрана.
Поранешната службеничка на МИД тврди дека настаните кои и се припишани се измислени и дека не добила можност од авторот Гилтај да ја раскаже својата страна на приказната.
Холандските медиуми се вџашени од можноста книгата да биде забраната во држава во која е прокламирана слобода.
Централно место во книгата, која доби рецензија од поранешниот холандски министер Јан Пронк, зазема судирот помеѓу две страни во холандското министерство за одбрана во драматичните денови по злосторството во Сребреница.
Авторот наведува дека една страна по секоја цена сакала да ја уништи фото-ролната на која биле забележани злосторствата над сребреничките Бошњаци во базата на холандскиот баталјон на УНПРОФОР (Дачбат во аргон на ОН), додека другата страна сметала дека фото-ролната треба да биде достапна за пошироката јавност.
Според Гилтај, поранешниот холандски генерал Ван Бал сакал да ги заштити припадниците на Дачбат, држејќи ја фото-ролната далеку од очите на јавноста. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.