Европа
Шулц: ЕУ е во опасност, ѝ се заканува распад
На Европската унија ѝ се заканува распадот и нејзините приврзаници мора да се борат да ја одржат, изјави претседавачот на Европскиот парламент Мартин Шулц во интервјуто за германскиот весник Die Welt објавено во вторникот.
Според, Мартин Шулц Европската унија е во опасност и вели дека постојат сили коишто се трудат да ја поделат.
Одговарајќи на неодамнешното предупредувањето што го изнесе Жан Аселборн, министерот за надворешни работи на Луксембург, дека Европската унија би можела да се распадне, Шулц истакнува „Никој не може да каже дали ЕУ ќе постои за десет години. Го сакаме ли тоа, мораме силно да се бориме за неа“, вели претседателот на Европскиот парламент.
Во интервјуто за Die Welt, Шулц не прецизира што точно ѝ се заканува на ЕУ, но најголем дел од разговорот е посветен на мигрантската криза којашто во 2015 година го погоди европскиот континент, а особено единството и толеранцијата во Унијата.
Шулц вели натаму дека ЕУ не е без алтернативи и дека „секако би можела да биде укината“, но додава дека другите опции вклучуваат Европа во којашто преовладуваат национализмот, границите и ѕидовите. „Тоа би можело да биде катастрофално, бидејќи таква Европа повторно би го водела нашиот континент во катастрофа“, предупредува.
Длабоки се разликите во ставовите внатре во рамките на ЕУ кога станува збор за мигрантската криза, особено меѓу германската канцеларка Ангела Меркел, која ги предводи напорите да се преземат што е можно повеќе Сиријци, и челниците на источните поранешни комунистички членки, кои се спротиставуваат на шемите на ЕУ за распределба според квоти на барателите на азил.
Се чини, исто така, и дека е загрозена и европската шенгенска зона, бидејќи некои земји повторно воведуваат гранични контроли. Минатиот четврток Грција побара од Европската унија помош во обезбедувањето на нејзините граници и грижа за големиот број мигранти, со што се обиде да ги ублажи заканите за нејзино исклучување од Шенген зоната, доколку не успее да воспостави контрола врз движењето на мигрантите кон остатокот од Унијата.
Шулц, покрај тоа, смета дека ниедна земја самостојно да се справува со предизвиците како што е миграцијата, додавајќи дека тоа е можно единствено како заедничка Европска унија./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.