Европа
Шулц предупредува на „опасна игра“ на Унгарија со референдумот
Претседателот Европскиот парламент Мартин Шулц предупреди во неделата дека Унгарија игра „опасна игра“ организирајќи го референдумот против планот за разместување на бегалците во земјите членки на Европската унија, според квоти.
„Унгарија според клучот за распределба треба да прими само околу 2.000 бегалци, Да се организира референдум за тоа претставува опасна игра“, изјави за медиумската куќа Funke претседателот Европскиот парламент Мартин Шулц во дел од порано објавениот напис.
Истакнува дека унгарскиот премиер Виктор Орбан се поигрува со „темелното начело на ЕУ: ја доведува во прашање втемеленоста на европските закони во кои Унгарија и самата учествувала“.
Мартин Шулц ги повикува другите земји членки на ЕУ, коишто ги почитуваат прописите „да му одржат лекција“ на Орбан. „Би требало да му кажат на својот колега: така повеќе не оди. Солидарноста не е еднонасочна“, оценува претседателот на Европскиот парламент.
Околу 8,3 милиони избирачи во неделата треба да излезат на избирачките места во Унгарија за да го потврдат противењето на владата во Будимпешта на распределбата на бегалците и барателите на азил во земјите членки на ЕУ.
Европската комисија претходно седмицава потсети дека референдумот нема да има никаков правен ефект на прифаќањето на обврските. Но европските челници стравуваат од нов удар за легитимноста на проектот ЕУ и единството на неговите членки кои се веќе изморени од серијата удари, меѓу кои е најтешката мигрантска криза на континентот од 1945 година и британската одлука да ја напушти Унијата./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.