Европа
Швајцарија: Изборна победа на антиимигрантската SVP
Десничарската конзервативна Швајцарска народна партија (SVP) , која што се спротиставува на доаѓањето на доселениците во земјата, е победник на неделните парламентарни избори, покажуваа излезните анкети.
„Преселбата на народите кон Европа, ги одлучи изборите“, изјави претседателот на SVP, Тони Брунер за швајцарскиот јавен сервис SRF по објавувањето на резултатите од излезните анкети кои ги потврдуваат предизборните истражувања на јавното мнение. Тој појасни дека освен темата за доселениците, изборите ги решило и тематизирањето на претстојниот договор меѓу Швајцарија и Европската унија, кој, како што истакна, „ги доведува во прашање основите на директната демократија во Швајцарија“.
Во SVP предизборната кампања ја концентрираа единствено на ветувањето за намалување на доселувањето, заострувањето на законите за доселување и спречувањето на злоупотреба на правото на политички азил, иако Швајцарија не е една од главните дестинации на имигрантите и бегалците во големиот мигрантски бран што ја зафати Европа. Сепка, во Швајцарија значително се зголемил бројот имигранти, па во септември достигнал 3.000 луѓе, што е двојно повеќе од бројот забележан во истиот период минатата година.
Исто така, SVP се залага и за засилено оддалечување на Швајцарија од Европската унија. Според коментаторите, успехот на националистите претставува придвижување на земјата кон десно, што е продолжување на трендот забележан уште на последните парламентарни избори во 2007 и во 2011 година.
Според излезните анкети, SVP освоила 28 отсто од гласовите, пред Социјалдемократската партија (SP) со 18,6 отсто. Во следниот состав на Националниот совет SVP ќе претставува најсилна пратеничка група со 65 пратеници во 200-члениот парламент, односно 11 пратеници повеќе отколку што имаше во претходниот состав. Социјалдемократите во парламентот ќе имаат 44 пратеници, или два помалку од претходните избори.
Лоберално-демократската партија (FDP) ќе биде застапена со 33 пратеници, што е за три повеќе отколку досега, а Христијанско-демократската партија (CVP) освоила 23 места во Националниот совет, поголемиот дом на швајцарскиот парламент.
Најголеми губитници се Зелените кои во иднината ќе имаат 5 наместо досегашните 10 мандати. Вообичаено нискиот одѕив на швајцарските парламентарни избори овојпат со 47,9 отсто е малку послаб од 2011 година. Од 1979 година на изборите за Националниот совет излегуваат помалку од 50 отсто од гласачите.
Имајќи го предвид доста сложениот изборен систем во Швајцарија, во која главни правила се консензус и поделба на власта, полесно е да се победи на избори отколку да се прошири политичката моќ. Така, швајцарската владата нема да може, и покрај свртувањето во десно преку изборните резултати, да изгледа многу поинаку по гласањето. Изборите во Швајцарија ретко доведуваат до поголеми промени во владата којашто има само седум членови, а ресорите се однапред рамноправно поделени меѓу најсилните партии и оттаму извршната власт не ја одразува директно рамнотежата на силите во парламентот./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече Фон дер Лајен на Европскиот самит за одбрана и безбедност.
Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од новата генерација за да „победи на бојното поле“.
„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно материјално количество и технолошка супериорност што можеби ќе и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашиот одбранбен индустриски капацитет во следните пет години,“ изјави Фон дер Лајен.
Европа
(Видео) Русите го гранатираа Чернихив, загинаа најмалку 13 лица, Зеленски бара дополнителна помош
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка по рускиот ракетен напад врз северниот град Чернихив утринава, при што загинаа најмалку 13 лица.
„Ова немаше да дојде до ова доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на „Телеграм“.
Министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, во изјава за „Телеграм“ рече дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени и дека спасувачките операции се во тек.
Во нападот беа оштетени и четири катни згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.
Русија изврши напад со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис „Суспилна“. Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.
Локалното население е повикано да дарува крв, изјави градоначалникот Олександр Ломако. Чернихив се наоѓа на речиси 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија. Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернихив беше нападнат, но не беше преземен.
Европа
Во Германија уапсени 10 лица: за пари набавувале дозволи за престој на странци
Во Германија денеска во полициска акција се уапсени десет лица осомничени дека за големи суми пари набавувале дозволи за престој во Германија за странци од Кина и арапските земји.
„Главни осомничени се двајца адвокати од Келн, а истрагата се води против 38 можни члена на шверцерската банда и против 147 други лица, кои се занимавале со систематски шверц на луѓе“, се вели во соопштението на полициската управа на град веднаш до Келн, кои ја водат операцијата.
Осомничените се обвинети дека донеле странски државјани во Германија и ги набавиле потребните документи за големи суми пари, од 30 до 350 илјади евра. Осомничените основале фиктивни фирми и лажни адреси со кои се регистрирале лица од странство.
Весникот „Билд“ пишува дека меѓу осомничените има и вработени во неколку канцеларии за странци во регионот Рајнланд-Пфалц, кои издавале дозволи за престој за пари. Еден од нив е меѓу уапсените. Како што е соопштено, за време на рацијата била запленета и голема количина пари. Минатата година, со 300.000 бегалци и баратели на азил, Германија забележа значителен пораст на илегалниот влез во земјата.