Европа
Шведскиот херој Валенберг прогласен мртов по децениите откако исчезнал
Шведскиот дипломат Раул Валенбер, кој во Втората светска војна им ги спасил животите на илјадници Евреи, официјално е прогласен мртов, објавија во понеделниот шведските власти.
Одлуката следеше откако наследниците упатиле до даночната управа барање за поделба на неговата сопственост, речиси 70 години откако Раул Густаф Валенберг исчезнал.
Додека бил на служба во Унгарија, Валенберг, роден 1912 година, им помогнал на илјадници Евреи да ги избегнат нацистичките логори на смртта. Во Будимпешта пристигнал во јули 1944 година во дипломатското претставништво на Шведска, но повеќето од неговите активности ги финансирал Светскиот комитет за бегалци кој го основале САД.
Валенберг се служел си сите можни методи, вклучително и давање митоза да ги спаси унгарските Евреина кои им се заканувало депортирање во нацистичките логори. Покрај тоа, им издавал и специјални пасоши.
Советските сили го уапсиле во јануари 1945 година и го одвеле во тогашниот Советски сојуз, каде што е прогласен мртов во јули 194 година. Меѓутоа, наводно подоцна бил виден што ги разбудило надежите дека поживеал подолго.
Во 1989 година советските власти во Москва на семејството на Валенберг му ги предале неговиот пасош и другите лични работи, но во секој случај роднините продолжиле да го бараат со помош на хуманитарните организации.
Две години по падот на Советскиот сојуз, Шведскаи Русија основаа заедничка комисија која требаше да ја утврди судбината на Валенберг,но ниту таа не даде конечни одговори.
По поднесување на барањето до даночната управа во март 2016 година, семејството одржа комеморација и одлучи дека „Валенерг почива во мир“, пишува весникот Expressen. Како официјален датум на смрта е наведен 31-ви јули 1852 година./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.