Европа
Уапсениот во Лајпциг Сириец подготвувал терористички напади
Сирискиот бегалец, 22-годишниот Џабер ал-Бакр, кој ноќта кон понеделникот по речиси дводневна потера беше уапсени во источниот германски град Лајпциг, се подготвувал да изврши терористички напад во Германија, официјално потврди на прес-конференција во понеделникот челникот на министерството за внатрешни работи на сојузната покраина Саксонија, Маркус Улбриг.
„Со неговото апсење успеавме да спречиме нов терористички напад“, изјавил министерството за внатрешни работи на сојузната покраина Саксонија, Маркус Улбиг, го цитира агенцијата DPA.
Според јавниот обвинител на Саксонија, Јерг Михаелис, собраните податоци овозможуваат да се заклучи за можна врска на Џабер ал-Бакр со ултрарадикалната сунитска групација Исламската држава којашто веќе ја презема одговорноста за два напада од летово. Додаде дека експлозивните средства пронајдени во неговиот стан во градот Хемниц (Кемниц), биле практични подготвени за користење.
Улбриг на прес-конференцијата ги потврди претходните медиумски извештаи дека осомничениот за подготовка на терористички напади бил имигрант од Сирија, кој минатата 2015 година го добил статус на бегалец за период од три години. Вториот осомничен за тероризам, кој беше уапсен уште во саботата (8-ми октомври) на централната железничка станица во Кемниц, идентификуван како Халил А. бии во постојан контакт со ал-Бакр и исто така имал статус на бегалец.
Во саботата во градот Кемниц германската полиција изведе операција за апсење на осомничениот за подготовка на бомбашки напади. Во неговиот стан било пронајдено извесно количество експлозивни материи кои полицијата ги опиша како „исклучително моќни“. Според непотврдени извештаи, една од неговите можни цели бил аеродром во источна Германија.
Во операцијата осомничениот ал-Бакри успеал да им побегне на полициските специјалци и по него беше распишана потерница, а на сојузно ниво се водеше потрага до ноќта кон понеделникот кога тој беше во бегство.
Германскиот сојузен министер за внатрешни работи Томас де Мезиер изјави дека Сириецот подготвувал терористички напад во Кемниц, сличен на оние кои исламистичките екстремисти ги изведоа во француската и во белгиската престолнина, во Париз ланскиот 13-ти ноември односно во Брисел на 22-ри март годинава,.
„Според досегашните сознанија, подготовката во Кемниц била слична на подготовките за терористичките напади во Париз и во Брисел“, го цитира Reuters министерот де Мезиер.
За активностите Ал-Бакр германската агенција за внатрешно разузнавање, како и при неговото подоцнежно апсење, дознала од негови сонародници, пишува Associated Press повикувајќи се на извори во истражните органи.
Според агенцијата, сириски бегалци го препознале ал-Бакр според фотографијата којашто во јавноста ја дистрибуираше германската полиција откако била распишана потерница по него. Тројца Сиријци самоиницијативно го задржале осомничениот, по што еден од нив го донел во полицијата за идентификување и споредба со лицето од полициската потерница./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.