Европа
Убиецот на францускиот полицаец изразил лојалност на IS
– Лароси Аббалла, убиецот на француски полицаец и неговата сопруга по „наредба“ на ал-Багдади
Убиецот на францускиот полицаец и на неговата сопруга во париското предградие во понеделникот вечерта, пред три седмици му изразил лојалност на водачот на џихадистичката сунитска организација исламска држава (IS) и имал кај себе „листа на цели“, изјави во вторникот обвинителот на француската престолнина Франсоа Молен.
Убиецот на францускиот полицаец и на неговата сопруга во париското предградие во понеделникот вечерта, пред три седмици му изразил лојалност на водачот на џихадистичката сунитска организација исламска држава (IS) и имал кај себе „листа на цели“, изјави во вторникот обвинителот на француската престолнина Франсоа Молен.
Во текот на преговорите со полицајците „убиецот рекол дека е практичен верник, дека го почитува Рамазан и додал дека пред три седмици му се заколнал на верноста на командантот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади“, прецизираше парискиот обвинител Фрасоа Молен за новинарите.
Напаѓачот идентификуван како 25-годишниот Лароси Абала знаел дека жртвата е полицаец и рекол дека одговорил на повикот на „калифот“ на Исламската држава „да ги убива неверниците во нивните домови, заедно со семејствата“, додаде Молен.
На местото на убиствата откриена е листа на други потенцијални цел на кои се имиња на француски рапери, новинари, полициски службеници и други јавни личности, истакна обвинителот и даде дека се пронајдени по три телефона и ножеви, како и еден закривен нож.
Лароси Абалла во 20.52 часот во понеделникот испратил видеоснимка долга дванаесет минути на стотици контакти во којашто ја презема одговорноста за чинот кој француските власти го квалификуваа како „беспоговорен терористички акт“, како и два твита објавени на акаунт отворен на почетокот од јуни.
Во прецизираните полициски и медиумски извештаи се наведува дека тригодишното дете на убиената двојка кое во нивниот дом го пронашле припадниците елитните француски полициски сили е во состојба на шол и е оти е хоспитализирано./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.