Европа
Убиената британска пратеничка Кокс неодамна примила закани
Британската лабуристичка пратеничка Џо Кокс, којашто беше убиена во четвртокот во северна Англија, неодамна наводно примила закани, објави британската полиција во петокот, но сепак истакнувајќи дека таа афера не е директно поврзана со убиството.
„Полицијата беше известена од пратеничката Кокс за злонамерни пораки и еден маж е уапсен во март 2016 година во врска со таа афера. Мажот поради тоа доби укор од полицијата“, се наведува во соопштението на Скоптланд Јард.
Инкриминираниот маж во таа афера не е „мажот ставен во притвор“ поради убиството на пратеничката. Биле разгледувани дополнителни мерки за безбедноста на лабуристичката пратеничка, пишува во петокот Times.
Мајка на две малолетни ќеркички, дипломка на престижниот универзитет Кембриџ, 41-годишната Џо Кокс е убиена на улица во гратчето Бирстал во нејзиниот округ во северна Англија. Пред на избори од 2015 година да стане пратеничка на Лабуристичката партија за округот Бетли и Спен, работела како хуманитарка. Позната е по нејзините залагања за женските прашања, и соработуваше со неколку хуманитарни организации, а се заземаше за останувањето на Велика Британија во Европската унија на претстојниот референдум на 23-ти јуни.
Според очевидци Кокс настрадала откако се вмешала во расправија меѓу двајца мажи во близина на градската библиотека каде што пратеничката требало да има средба со гласачите, пред очите на десетици случајни минувачи.
Полицијата го уапси 52-годишниот осомничен за нападот идентификуван како Томи Мејр, чии мотиви засега не се јасни, кој во местото живеел триесетина година, а соседите го опишуваат како „самотник“.
Според очевидци, напаѓачот пукал во политичарката најмалку двапати, а потоа ја прободел со нож. Медиумите наведуваат дека очевидци наводно рекле оти тој за време на нападот извикувал „Прво Британија“, што е име на крајно десна партија којашто на своите интернет страници себеси се опишува како „патриотска партија и улична организација за самоодбрана“.
Кампањата околу референдумот за излегување или останување на Велика Британија во Европската унија е прекината привремено од четвртокот поради убиството на Кокс. Ривалските табори објавија дека своите активности ќе ги запрат своите активности за вчерашниот ден, а премиерот Дејвид Камерон најави дека ќе ја откаже својата посета на Гибралтар, британска територија на јужниот ‘рт од Шпанија.
Засега не е јасно познато каков ефект ќе има убиството на лабуристката врз референдумот, но според движењето на финансиските пазар, најверојатно ќе оди во полза на останувањето./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Возачот на „Фликсбас“ осомничен за убиство од небрежност во Германија
Против возачот на автобусот кој вчера се преврте на германскиот автопат при што загинаа четири лица, а многумина беа повредени, се води истрага за убиство и нанесување телесни повреди од небрежност, соопштија од јавното обвинителство.
Портпаролот на канцеларијата не можеше да каже дали мажот (62) веќе бил сослушан.
Двокатниот европски превозник „Фликсбас“ со 54 лица, меѓу кои и двајца возачи, излетал од автопатот А9 во близина на Лајпциг во средата наутро и се превртел. Автобускиот оператор претходно пријавил дека во автобусот имало 55 лица. Полицијата соопшти дека загинале четири лица, а шест лица се тешко повредени, а 29 лица се полесно повредени.
Не се соопштени детали за здравствената состојба на повредените.
Инспекторите во моментов се фокусирани на утврдување на причините за несреќата. Сите повредени кои се наоѓаат во болница ќе бидат испрашани, доколку тоа им го дозволи здравствената состојба, изјави портпаролката на полицискиот штаб во Лајпциг како одговор на истрагата.
Ќе се нареди и извештај за анализа на автобуската несреќа, соопштија од јавното обвинителство. Првите резултати се очекуваат само за неколку недели.
Идентитетот на четворицата загинати се уште не беше утврден до четвртокот напладне.
„Се трудиме и се надеваме дека ќе можеме да дадеме информации за тоа во попладневните часови“, изјави портпаролката на полицијата.
Автобусот патувал од Берлин до Цирих.
Европа
(Аудио) Кралот Чарлс ја испрати првата јавна порака по дијагнозата на здравјето на Кејт
Порака од кралот Чарлс беше емитувана денеска по повод годишната служба на Величетврток.
Аудиообраќањето на Чарлс беше емитувано на собранието во катедралата „Ворчестер“ во негово отсуство поради тековното лекување на ракот на монархот.
Тој им порача на сите „да ја подадат раката на пријателството“.
„Актот на богослужба, овде во катедралата ‘Ворчестер’, ме потсетува на заклетвата што ја дадов на почетокот на моето крунисување да го следам примерот на Христос ‘да не ми служат, туку да служам’“, рече кралот.
„Тоа е она што секогаш се трудев да го правам и правам со целото мое срце“, додаде тој.
Кралот дојде на тронот пред 18 месеци, а на почетокот на годината му беше дијагностициран рак поради што беше подложен на хемотерапија.
Европа
Заменик-началникот на генералштабот: Британија може да се бори со Русија само 2 месеца
Британските вооружени сили мора да управуваат со оперативниот ризик, што произлегува од недостигот на ресурси што би сакале да ги имаат во идните војни, пишува „Телеграф“.
Информациите се појавија откако Грант Шапс, министерот за одбрана, им рече на пратениците дека лобирал кај премиерот, Риши Сунак, и министерот за економија и финансии, Џереми Хант, повеќе пари во буџетот да се потрошат за одбраната, но не успеал да обезбеди зголемување.
За време на сослушувањето пред пратениците во Комитетот за одбрана на долниот дом, висок офицер на кралските маринци рече: „Ние бевме многу јасни дека сумата што моментно ја трошиме за муниција не ги покрива трошоците во сите области и заканите со кои се соочуваме“.
„Бевме јасни дека треба да потрошиме повеќе пари над буџетот, на она што го нарекуваме интегрирани противвоздушни ракети“.
На прашањето на Марк Франсоа, поранешен министер за вооружени сили, дали е вистина оти Обединетото Кралство „не може да се бори со Владимир Путин повеќе од неколку месеци во целосна воена ситуација поради недостиог на резерви муниција и опрема, Шапс додаде дека секој таков конфликт ќе се води заедно со сојузниците од НАТО, кои заедно би можеле да ја совладаат Русија, наместо само Велика Британија.
„За луѓето што гледаат и слушаат дека Велика Британија не е подготвена за војна исклучиво со Русија, важно е да разберат дека сме во НАТО и постои меѓусојузнички одбранбен договор Член 5, така што никогаш не би биле во таква ситуација“.
Во еден извештај пратениците рекоа дека на вооружените сили им требаат повеќе средства за „учество во операции додека развиваат воена готовност“ или ќе мора да го намалат „оперативниот товар“ на војската.
Поранешните воени началници на комитетот му кажаа дека вооружените сили се ослабени од 2010 година и дека „во конфликт со еднаков противник тие ќе бидат исцрпени по првите неколку месеци од распоредувањето“.
Шапс исто така им рече на пратениците дека лекциите научени од војната во Украина ја покажале важноста на војната со беспилотни летала бидејќи е смртоносна и евтина.
„Ова во Украина е веројатно првата вистинска војна со беспилотни летала и мислам дека никогаш повторно нема да видиме војна која не вклучува тешка употреба на беспилотни летала“, рече тој.
Минатиот месец Обединетото Кралство објави дека, заедно со Латвија, ќе ја предводи новата коалиција за испорака на илјадници беспилотни летала „камикаѕе“ во Украина во услови на растечки недостиг на муниција на фронтот.
„Дроновите ги нарушуваат нормалните факти за војната. Обично секоја генерација станува поскапа за да има смртоносен ефект, но всушност беспилотните летала, кои понекогаш чинат неколку илјади фунти, може да бидат крајно смртоносни“, рече Шапс.
Сепак, тој предупреди дека „основното војување и муницијата“ остануваат важни во секој иден конфликт.