Европа
Убиени и ранети во престрелка меѓу Десниот сектор и полицијата во западна Украина
Специјалните единици на Националната гарда на Украина влегоа во саботата попладне местото Мукачево за да ги приведат припадниците на единиците на неонацистичкото движење Десен сектор кои претходно започнаа престрелка со жртви и ранети со украинската полиција во Закарпатската област во западна Украина, соопшти министерството за внатрешни работи
Како што е објавено на интернет страницата на министерството за внатрешни работи на Украина специјалните и оперативните единици на Националната гарда се упатени во Мукачево да помогнат во приведувањето на злосторниците. Од друга страна челниците на Десниот сектор, коешто има добро вооружени доброволечки одреди кои се борат против рускојазичните бунтовници во источна Украина, објавија дека ја зголемиле „борбената готовност“ на своите единици.
„Во Закарпатската област продолжува специјалната операција за блокирање, разоружување и приведување на бандата којашто изврши напад врз цивилен објект во Мукачево. Групата во моментов е опколена и на бандитите им е порачано да се предадат. Во таа смисла, специјалните единици на Националната гарда се упатени на местото на настаните за да им помогнат на правосудните органи да ги извршат задачите во согласност со ситуацијата на теренот,
Според министерот за внатрешни работи Арен Аваков, во престрелката биле ранети четири цивили и тројца полицајци. Украинскиот претседател Петро Порошенко им наложил на органите за спроведување на редот „да ги разоружат и да ги уапсат виновниците за инцидентот и убиството на цивили“ во Мукачево.
Според украинските медиуми, во престрелката биле убиени тројца а петмина биле ранети.
Челникот на Десниот сектор за Закарпатската област, Александр Сачко, пак, го потврди за медиумите учеството на борци на организацијата во престрелката во Мукачево, и изјави дека полицијата отворила оган врз припадниците на доброволечкиот корпус без предупредување, кои дошле во спортски комплекс да избркаат припадници на обезбедувањето. Сачко, исто така, рекол дека припадниците на Десниот сектор ќе протестираат пред зградата на администрацијата на украинскиот претседател.
Украинските медиуми објавија дека бил нападнат спортскиот клуб кој му припаѓал на локалниот пратеник Михаил Лењу. Екстремистите со неколку возила дошле пред објектот од крововите на возилата отвориле оган врз луѓе од обезбедувањето и врз пункт на сообраќајната полиција.
Според локалните медиуми инцидентот првично има карактер на пресметка во криминалното милје во областа, а потоа значи и дека екстремните десничарски сили се обидуваат да ја преземат контролата на географски важниот регион во земјата кој граничи со Европа и е важен со својата транспортна инфраструктура.
Во меѓувреме и доброволечкиот баталјон на Организацијата на украинските националисти (ОУН) му даде поддршка на Десниот сектор и објави дека „е подготвен да застане рамо до рамо со браќата во борбата со внатрешниот окупатор“. „Настапи времето по ко засекогаш ќе биде изменета историјата на Украина“, се наведува во објавата на баталјонот на неговиот профил на Facebook.
Движењето Десен сектор се смета за организација на радикалните и неонацистички организации во Украина. Москва тврди дека нејзините припадници ги предизвикале крвопролевањата на Плоштадот на независноста (Мајдан) во Киев во јануари и февруари 2014 година за со поддршка од Западот да го соборат од власт тогашниот претседател Виктор Јанукович. Припадниците на оваа организација често се во судир со властите во Киев и се истражуваат како за криминални активности, така и за наводно злосторства извршени во борбите во источна Украина./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.