Европа
UKIP доби второ пратеничко место во британскиот парламент
Месец дена по изборот на својот прв пратеник во долниот дом на британскиот парламент, еуроскептичната Партија на независноста (UKIP) во четвртокот го повтори тој успех на делумните парламентарни избори во изборната единица Рочестер и Струд, во јужна Англија.
Марк Реклес, кој во јуни годинава излезе од редовите на владејачката Конзервативна партија на премиерот Дејвид Камерон, го победи кандидатот од својата поранешна партија со малку помалку од три илјади гласови разлика, односно освојувајќи 42 отсто од гласовите. Така го задржа пратеничкото место во изборната единица, но во редовите на друга партија.
Интензивната кампања на ториевците да го сочуваат Рочестер и Струд не даде успех, имајќи предвид дека конзервативниот кандидат доби 35 отсто од гласовите.
По објавувањето на резултатите од гласањето, Марк Теклес, ги повика гласачите од UKIP да направат влијателна партија на изборите коишто ќе се одржат во мај 2015 година. „Без оглед на тоа во која изборна единици живеете, која политичка партија ја поддржувате, размислете што би значело во Вестминстер група пратеници на UKIP доволно бројна да држи рамнотежа на власта“, порача Реклес.
Освојувањето на второто пратеничко место за UKIP дојде во моментот која Конзервативната партија на Дејвид Камерон одвај се опорави од триумфот на Даглас Карсвел, еден од нејзините пратеници кои мина во редовите на UKIP, во изборната единица Калктон.
Изборот на евроскептикот Роклес е вториот голем удар за конзервативците. Како и Карсвел, Роклес на изборите во 2010 година беше избран на листата на ториевците. Набрзо се истакна со своите бунтовнички и критички ставови кон владата, којашто ја сметаше преблага во однос и имиграцијата и Европската унија. Охрабрен од примерот Карсвел, Роклес во септември 2014 година и’ се придружи на UKIP предизвикувајќи нови избори.
Успехот на Реклес е уште позначаен зашто победи во изборната единица Рочестер и Струд, на 50 километри од Лондон, каде што гласачкото тело се смета за значително помалку наклонето кон UKIP.
Но неговата изборна победа може да има уште поголемо значење, бидејќи Реклес во четвртокот за британските медиуми објави дека доколку победи на изборите во Рочестер и Струд, уште двајца пратеници на Конзервативната партија ќе бидат блиску до одлуката и тие да минат во редовите на UKIP. Доколку двајцата пратеници за кои зборува Реклес ја напуштат Конзервативната партија, тоа веројатно ќе доведе до криза на „Даунинг стрит“ поради намалувањето на гласови за конзервативците на шест месеци пред парламентарните избори./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.