Европа
Украина: Нападнати кандидати на блокот на претседателот Порошенко
Тројца млади кандидати на вонредните парламентарни избори во Украина, познати имиња на листата од блокот на претседателот Петро Порошенко се нападнати во неделата откако со камера забележале неправилности на избирачко место во централниот дел на земјата, изјави шефот на изборниот штаб на „Блокот Петро Порошенко“, Виталиј Ковалчук, а потврди украинската милиција.
Тројца млади кандидати на вонредните парламентарни избори во Украина, познати имиња на листата од блокот на претседателот Петро Порошенко се нападнати во неделата откако со камера забележале неправилности на избирачко место во централниот дел на земјата, изјави шефот на изборниот штаб на „Блокот Петро Порошенко“, Виталиј Ковалчук, а потврди украинската милиција.
Претходно украинското министерство за внатрешни работи објави дека во неделата шест непознати мажи го каменувале автомобилот со новинари заедно со кандидатите за пратеници од блокот на Порошенко, новинарите Мустафа Најем, Сергеј Лишченко и цивилната активистка Светлана Залишчук, во Кировградската област и ги скршиле сите прозорци. Залишчук го потврдила за AFP инцидентот и од него поставила фотографии на својата страница на Facebook. Лишченко во инцидентот бил полесно повреден од прачињата стакла. Залишчук додала дека ги следеле две возила.Мустафа Најем е новинарот кој во ноември 2013 година прв повика на протести против поранешниот претседател Виткор Јанукович, со што започна протесното движење на Плоштадот на независноста (Мајдан) во Киев.Инцидентот се случил во близина на селото Казарнија, во околината на Кировград, каде што тројцата кандидати снимала обид за „купување гласови“ во полза на кандидат близок на поранешната власт, обвинила Залишчук.Истражителите кои веднаш дошле на местото на инцидентот и полицијата немаат соопштение за можните напаѓачи. Шефот на изборниот штаб на претседателскиот блок, во изјавата за медиумите, исто така, не посочил кои се напаѓачите, но рекол дека за нападот од „титушките“ (локален израз за маскирани атлетски градени лица), лично се интересира претседателот Порошенко.Овие кандидати за пратеници, двајца новинари и активистка од невладините организации, последните седмици водеа кампања против Олес Довги, поранешен висок функционер на киевското градско собрание кој бил близок на соборениот претседател Јанукович, а го обвинуваат за корупција. Тој се кандидира во изборната единица во Кировград./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.