Европа
Украина: Шефот на Националната гарда предложен за министер за одбрана, Донецк гледа фашизација
Украинскиот претседател Петро Порошенко го именуваше во понеделникот за нов министер за одбрана Степан Полторак, водачот на Националната гарда чиј состав го сочинуваат доброволци кои покрај редовните сили лојални на прозападните власти во Киев се борат против проруските бунтовници во југоисточниот дел од земјата, кои, пак, ваквата одлука ја сметаат за провокација и сигнал дека земјата се фашизира.
Како што соопшти неговиот кабинет, претседателот Петро Порошенко до Врховната Рада (парламентот) ја предал номинацијата на 49-годишниот генерал Степан Полторак кој на челната функција во министерството за одбрана го заменува Валериј Гелетел, кој беше разрешен од должноста во неделата. Во вторникот украинските пратеници треба да се изјаснат за кандидатурата на Полторак.
Националната гарда на Украина беше формирана во март од тогашната опозиција базирајќи се на некои елементи на министерството за внатрешни работи за да им се приклучат на паравоените единици на ткн самоодбрана на Мајдан, во центарот на Киев каде што по безредијата и стотината жртви на двете страни беше соборен украинскиот претседател Виктор Јанукович.
За властите во Киев припадниците на Националната гарда се покажале одлично во воената операција во југоисточна Украина, иако по шестмесечната офанзива во контраофанзивата на проруските бунтовници на почетокот од септември беа отфрлени заедно со украинската армија до брегот на Азовското Море.
Претседателот Порошенко нагласи во своето образложение дека во војската и генералите и војниците го почитуваат Полторак. „Го ценам вашиот професионализам и патриотизам, почитувањето и напорите за формирање на Националната гарда позната по дисциплината и борбениот дух“, нагласи Поршенко на средбата со Полторак, пренесува AFP.
Од друга страна, именувањето токму на челникот на Националната гарда за министер за одбрана на Украина, претставува „уште еден симптом на фашизирањето“ на украинското општество, рече Андреј Пургин, вицепремиерот на ткн влада на самопрогласената Народна Република Донецк.
„Се случува брза фашизација на украинското општество. Назначувањето на Полторак за министер за одбрана, е уште еден таков симптом“, смета Пургин кого го цитира РИА Новости.
„Станува збор за омразена личност, која ги покрива сите злосторства извршени од Националната гарда, преку кого одеа сите снабдувања за Националната гарда. Доволно е да се каже дека 70 отсто од составот на Националната гарда уште не е регистриран, а борците на коишто им е разделено оружјето ги нема на ниеден список“, додава Пургин.
Проруските бунтовници ја обвинуваат Националната гарда дека е составена од припадници на неонацистичкото движење Десен сектор, коешто е воено крило на националистичката партија Свобода. Исто така, оваа формација е обвинета дека стои зад масовните гробници откриени кон крајот на септември крај Донецк во местата кои биле под контрола на Националната гарда.
„Фашизацијата на општеството е забрзана, доволно е да се споредат насловите во украинските весници сега и неколку години наназад. Има остра спротиставеност. Сега може да се разбере како во Германија за две-три години израсна Третиот рајх“, додава Пургин.
Рускиот воен аналитичар, Игор Коротченко, пак, смета дека именувањето на Полторак – „убедениот поддржувач на воено репресивните и жестоките полициски мерки за чистење на Донбас“ – на местото министер за одбраната, значи дека Киев ќе ја продолжи војната во југоисточните региони. Од друга страна, украинскиот политиколог Михаил Погребински смета дека доколку кандидатурата на Полторак биде одобрена од Врховната Рада, тогаш задачите на новиот шеф на ресорот одбрана ќе бидат со „прилично мирен карактер“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.
Европа
Русија: Ќе ги таргетираме украинските магацини во кои се доставува западното оружје
Русија ќе ги интензивира нападите врз украинските бази за складирање во кои е сместено оружјето доставено од Запад, изјави денеска министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, а Соединетите Држави се подготвуваат да одобрат и достават долго одложувана нова воена помош.
Шојгу рече дека Русија „го отфрли митот за супериорноста на западното оружје“ и дека нејзините сили презеле иницијатива на фронтот долг 1.000 километри.
Тој алудира на фактот дека в сабота, по гласањето во Претставничкиот дом, Вашингтон е подготвен да достави нов пакет воена помош за Украина, вреден речиси 61 милијарда долари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев набргу ќе добие повеќе ракетни системи со долг дострел ATACMS како дел од ветениот пакет. Американските власти рекоа дека помошта ќе вклучува испорака на муниција и пресретнувачи за системи за противвоздушна одбрана за Украина.
„Со оглед на заканите од САД и нивните сојузници, ние мора да продолжиме да ги подобруваме составот и структурата на вооружените сили и да го зголемиме производството на најпопуларното оружје и воена опрема“, рече Шојгу додавајќи дека руските сили „ќе го зголемат интензитетот на нападите врз логистичките центри и базите за складирање на западното оружје“.
Рускиот министер за одбрана повтори дека Русија овој месец ги освоила селата Первомајске, Бохданивка и Новомихајливка.
Во понеделникот украинскиот командант го негира падот на Новомихајливка велејќи дека неговите војници сè уште држат 15- 20 отсто од селото.
Руското Министерство за одбрана објави дека руските маринци, кои учествувале во заземањето на Новомихајливка, заробиле оружје од западно производство, вклучувајќи шведски фрлачи на гранати, американски противоклопни системи Javelin и системи за електронско војување на НАТО.