Европа
Украина тврди дека уништила дел од руска воена колона
Украина во петокот објави дека уништила дека од наводна колона на руски оклопни возила коишто влегле ноќта кон петокот на украинска територија.
Украина во петокот објави дека уништила дека од наводна колона на руски оклопни возила коишто влегле ноќта кон петокот на украинска територија.
Украинската артилерија уништила „значителен дел“ од руската оклопна колона кој наводно броела 23 возила којашто изминатата ноќ минала на украинска територија, рекол украинскиот претседател Петро Порошенко во телефонскиот разговор во петокот попладне со британскиот премиер Дејвид Камерон, пренесува агенцијата УНИАН.
„Соговорниците ги координираа дејствијата за реакција на информациите за влез на воена техника територијата на Украина од Русија што јасно го покажаа меѓународните новинари, особено на весникот The Guardain. Претседателот информираше дека таа вест е веродостојна и потврдена, и дека значителен дел од таа опрема бил ноќта уништен од украинската артилерија“, се наведува во соопштението од кабинетот на украинскиот претседател Порошенко.
Притоа се истакнува дека Порошенко изразил вознемиреност од ситуацијата на украинско-руската граница, особено што преку „отворениот“ дел од границата, што го контролираат проруските бунтовници продолжува да влегува воена опрема и оружје од Русија.
Портпаролот на украинските воени сили изјави дека колоната била следена од самото преминување на границата, како и дека украинските сили ја нападнале руската колона на територијата на Украина. „Преземени се соодветни акции дел од неа повеќе не постои“, изјави портпаролот Андриј Лисенко,
Руската дипломатија во петокот предупреди дека украинските сили преземаат силни борби во источна Украина „за да ја спречат хуманитарната помош на регионот.
Руското министерство на одбрана соопшти дека во врска со наводното навлегување на руска воена колона на украинска територија во британското министерство за надворешни работи бил повикан рускиот амбасадор во Лондон, Александар Јаковенко кој дал „објаснување за информациите во медиумите за руското воено влегување во Украина и наводното продолжено натрупување на воена техника на границата“.
Агенцијата РИА потсетува дека пограничната служба на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Руската Федерација соопшти дека не се вистините информациите за преминување на воена руска колона на границата со Украина и дека „по должината на украинската граница патролираат мобилни групи на граничари, но исклучиво на руска територија“.
Москва притоа предупреди дека продолжуваат гранатирањата на руска територија од страна на Украина како и масовните преминувања на украински војници на руска територија. Исто така, Русија изрази „голема загриженост“ од информациите за можен воен напад врз рускиот хуманитарен конвој до 287 камиони кој е наменет за цивилното населени во побунетиот град Луганск во источна Украина каде околу 400 илјади луѓе речиси две седмици се без електрична енергија, вода за пиење, лекови и имаат сé помалку храна.
„Силно сум загрижен од извештаите дека руска воена опрема можела да ја премие границата (со Украина) утрово. Хуманитарниот конвој сам посебе е одделна тема, но доколку има каков и да е руски воен персонал или опрема во источна Украина, тие мора веднаш да се повлечат“, изјави во петокот доцна попладнето шефот на британската дипломатија Филип Хамонд пред почетокот на вонредната седница на министрите за надворешни работи на Европската унија, пренесе AFP.
Неговиот шведски колега Кар Билд го осуди „тешкото кршење“ на меѓународното право.
Генералниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен претходно во петокот изјави дека „ноќта се случил руски упад“ во Украина, но одби да го карактеризира како инвазија. „Тоа само го потврдува постојаниот доток на оружје и луѓе од Русија во источна Украина и јасно го покажува продолжувањето на вмешаноста на Русија во дестабилизацијата на источна Украина“, рече Фог, кого го цитираше Reuters.
НАТО претходно во петокот соопшти дека ги испитува наводите на два британски весници дека колона од 23 руски оклопни возила ја минале границата со Украина ноќта кон петокот. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.