Европа
Унгарија отвора пат за Јужен тек, и покрај препораките на ЕУ
Унгарскиот конзервативен премиер Виктор Орбан во вторникот навечер потврди дека е решителен во поглед на реализацијата на рускиот гасовод Јужен тек, на што се противат Европската унија и САД, ден откако парламентот во Будимпешта со надмоќно мнозинство ги усвои амандманите со кои се отвора патот из изградбата на унгарската делница.
„Иако траат немирите во Украина, гасот треба да може да стигне до Унгарија. Затоа ни е потребен уште еден гасовод освен оној кој минува низ Украина“, објасни унгарскиот премиер Виктор Орбан.„Германците веќе го изградија Северниот тек, па можат да ја избегнат Украина како потенцијален извор на опасност. Ние го сакаме само она што го сакаат и Германците, ништо повеќе“, истакна Орбан, пренесува AFP.Претходни во понеделникот доцна вечерта, унгарскиот парламент со 132 гласа „за“ и 35 „против“ го усвои амандманот со кој со кој се овозможува некоја компанија да изгради гасовод иако ги нема потребните дозволи со нив да управува и теоретски би можел да ја овозможи изградбата на делницата низ Унгарија на рускиот гасовод Јужен тек до 2017 година.Унгарската гасна компанија MVM во 2012 година потпиша со рускиот државен енергетски гигант „Газпром“ договор за изградба на гасоводот Јужен тек низ Унгарија, но нивната нова компанија за реализација на тој проект нема оперативна дозвола. Изградбата на унгарската делница на Јужен тек, во должина од 229 километри, сега би можела да започне за шест месеци.Унгарија во јануари со Русија договори и изградба на два нови блокови во нуклеарката Пакс, јужно до главниот град Будимпешта, за што од Русија доби заем од десет милијарди евра, но го предизвика гневот на ЕУ и на САД. Покрај тоа, премиерот Виктор Орбан го суспендираше испорачувањето гас за Украина, по што „Газпром“ ги зголеми испораките за Унгарија.Европската унија поради своите прописи за управување со проекти и ресурси од сферата на енергетиката ја блокира изградбата на гасоводот низ териториите на членките земји или оние кои се кандидати за полноправни членки, како Србија и Македонија, бидејќи оваа инфраструктура ја заобиколува Унгарија и и’ овозможува на Русија да го испорачува гасот до европските потрошувачи без да зависи од соседот со кој крајно ги заостри односите. Меѓутоа, некои од поважните земји членки на ЕУ, како Австрија и Италија, се упорни во намерите да го поддржат проектот Јужен тек./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.