Европа
Вкупно 25 мртви во престрелките во Грозни
Во судирите во четвртокот меѓу чеченските бунтовници и безбедносните сили во центарот на престолнината на ова руска кавкаска република Грозни, загинаа вкупно 25 лица, од кои се единаесет се напаѓачите, објавија во петокот попладне руските власти, а чеченскиот претседател Рамзан Кадиров за нападот го обвини братот на ликвидираниот самопрогласен исламистички емир на Кавказ, Доку Умаров.
Во судирите во четвртокот меѓу чеченските бунтовници и безбедносните сили во центарот на престолнината на ова руска кавкаска република Грозни, загинаа вкупно 25 лица, од кои се единаесет се напаѓачите, објавија во петокот попладне руските власти, а чеченскиот претседател Рамзан Кадиров за нападот го обвини братот на ликвидираниот самопрогласен исламистички емир на Кавказ, Доку Умаров.
Рускиот Национален антитерористички комитет (НАК) потврди дека во судирот кој започна во четвртокот наутро со напад на добро вооружени бунтовници со три возила пред Домот на печатот во центарот на Грозни а продолжи во блиското училиште, загинале 14 припадници на безбедносните сили, а 28 се ранети.Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров ја потврди бројката на загинати полицајци, но според него „36 лица се ранети, од кои две се во тешка состојба… и ќе бидат префрлени на натамошно лекување во Москва“. „Во текот на антитерористичката операција во Грозни се ликвидирани сите единаесет бунтовници. Нивниот идентитет се проверува, се преземаат чекори да се утврдат соучесниците на бандитите“, истакна Кадиров, пренесува РИА Новости.Според чеченскиот претседател, напаѓачите биле припадници на исламистичкото радикално движење Кавкаски емират, и нападот требало да претставува демонстрирање на активностите на движењето со голема терористичка акција по ликвидирањето на нивниот водач Доку Умаров. „„Постојат показатели дека нападот го финансирал, организирал и ја понесува одговорноста братот на Дику Умаров – Ахмат. Правосудните органи на Русија мора да го побараат неговото предавање од турските власти“, порача Кадиров.Им било кажано дека нивната задача е да дојдат во Грозни, да отворат оган и да убиваат полицајци. На бунтовниците им било ветено дека по нивниот напад ќе им се придружат 400 други припадници на илегалните вооружени групи (како што Москва официјално ги нарекува исламистичките групи кои дејствуваат во кавкаските републики Чеченија, Ингуштетија и Дагестан), кои наводно веќе се во Грозни, додаде Кадиров, пренесува агенцијата ТАСС. Најголемиот во последните години напад на немирниот Северен Кавказ започна во четвртокот наутро, откако бунтовниците прво нападнале полициски контролен пункт, а потоа се обиделе да влезат во Домот на печатот, во кој се сместени многу републички, федерални и приватни медиуми, а потоа се сокрија во блиското училиште./крај/мф/сн
Извор: ТАСС/РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.