Европа
Во Дрезден рекордни 18 илјади противници на исламизацијата
На протестите против изламизацијата на германското општество, коишто традиционално се одржуваат во понеделник навечер во источногерманскиот град Дрезден, денеска се собрале 18 илјади луѓе според податоците на полицијата, што претставува рекорден број откако започнаа ваквите собори, додека повеќе од 30 илјади луѓе учествувале во анти-исламските демонстрации во понеделникот навечер во поголемите градови на Германија, пренесуваат медиумите.
Движењето Родољубиви Европејци против исламизацијата на Западот (Pegida), коешто се залага за построги закони за имиграцијата и за барателите на азил, во октомври ги започна протестите во Дрезден, а на претходниот одржан само три дена пред католички Божик, се собраа дотогаш најголемиот број демонстранти – 17 илјади. Во Дрезден во понеделникот без струја останал локалниот погон на автомобилскиот концерн „Volkswagen“ кој се залага за „отворено, слободно и демократско општество“.
Паралелно во германските градови се одржуваат и демонстрации на противниците на антиисламските протест. Агенцијата AFP пренесува дека во другите делови од Германија соодносот бил обратен. Во Рошток, исто така во источна Германија, противниците на движењето чија бројност не се наведува, извикувале „Добродојдовте на Запад“
Според Associated Press, во германската престолнина Берлин овојпат имало околу 5.000 луѓе кои се противат на нетрпеливоста кон имигрантите. Уште 22 илјади противници на движењето Pegida излегле на улиците на Штутгарт, Хамбург и Минстер.
Во Келн имало неколку илјади противници на Pegida, и само неколку стотици негови поддржувачи, според AFP. Покрај тоа, во знак на протест противниците на активностите на антиисламското движење ги исклучиле осветлувањата на познатата Келнска катедрала и други знаменитости на градот.
Во секој случај подемот на движењето Pegida силно ја потресе германската политичка сцена, и ја наведе канцеларката Ангела Меркел во своето новогодишно обраќање да ги нарече „расисти полни со омраза“ водачите на движењето во Дрезден.
Анкетата што на Нова година ја објави списанието Stern покажа дека 13 отсто од испитаниците би учествувале на протестите на Pegida доколку бидат организирани во нивното место на живеење, додека 29 отсто веруваат дека тие протести се оправдани поради влијанието на исламот врз животот во Германија.
Бројот на оние коишто во Германија бараат азил, повеќето од Блискиот исток, се зголемил за повеќе од двојно во 2014 година и изнесува околу 200 илјади, четири пати повеќе отколку во 22012 година, а нето имиграција во таа земја е на највисокото ниво во последните две децении. Многу Германци се загрижени околу трошоците за имигрантите, дека имигрантите им ги земаат работните места, па оттаму и се јави граѓанското движење кое протестира против имиграцијата, особено од Блискиот исток, предупредувајќи на „исламизација на земјата“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече Фон дер Лајен на Европскиот самит за одбрана и безбедност.
Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од новата генерација за да „победи на бојното поле“.
„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно материјално количество и технолошка супериорност што можеби ќе и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашиот одбранбен индустриски капацитет во следните пет години,“ изјави Фон дер Лајен.
Европа
(Видео) Русите го гранатираа Чернихив, загинаа најмалку 13 лица, Зеленски бара дополнителна помош
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка по рускиот ракетен напад врз северниот град Чернихив утринава, при што загинаа најмалку 13 лица.
„Ова немаше да дојде до ова доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на „Телеграм“.
Министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, во изјава за „Телеграм“ рече дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени и дека спасувачките операции се во тек.
Во нападот беа оштетени и четири катни згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.
Русија изврши напад со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис „Суспилна“. Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.
Локалното население е повикано да дарува крв, изјави градоначалникот Олександр Ломако. Чернихив се наоѓа на речиси 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија. Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернихив беше нападнат, но не беше преземен.
Европа
Во Германија уапсени 10 лица: за пари набавувале дозволи за престој на странци
Во Германија денеска во полициска акција се уапсени десет лица осомничени дека за големи суми пари набавувале дозволи за престој во Германија за странци од Кина и арапските земји.
„Главни осомничени се двајца адвокати од Келн, а истрагата се води против 38 можни члена на шверцерската банда и против 147 други лица, кои се занимавале со систематски шверц на луѓе“, се вели во соопштението на полициската управа на град веднаш до Келн, кои ја водат операцијата.
Осомничените се обвинети дека донеле странски државјани во Германија и ги набавиле потребните документи за големи суми пари, од 30 до 350 илјади евра. Осомничените основале фиктивни фирми и лажни адреси со кои се регистрирале лица од странство.
Весникот „Билд“ пишува дека меѓу осомничените има и вработени во неколку канцеларии за странци во регионот Рајнланд-Пфалц, кои издавале дозволи за престој за пари. Еден од нив е меѓу уапсените. Како што е соопштено, за време на рацијата била запленета и голема количина пари. Минатата година, со 300.000 бегалци и баратели на азил, Германија забележа значителен пораст на илегалниот влез во земјата.