Европа
Во Италија полемика за законскиот предлог кој ги испраќа во затвор родителите вегани
Предлог законот според кој родителите кои на своето дете му ја ускратуваат храната од анимално потекло би се казнувале со затвор во Италија покрена огорчена полемика меѓи приврзаниците и противниците на веганската исхрана не без политички конотации бидејќи предлогот дојде од партијата на поранешниот премиер Силвио Берлускони.
Законскиот предлог родителите коишто ги присилуваат децата на веганска диета да се казнат, следеше по неколку случаи на хоспитализира, кога беше откриено дека некои деца на возраст од само неколку години биле далеку под просекот од врсниците според телесната тежина, а други имале и тешкотии поради недостигот од некои минерали и витамини коишто организмот ги добива главно преку храната од животинско потекло.
Едната струја тврди дека веганството е само помодарски тренд, а другата дека станува збор за здрав стил на живеење, како и дека рестрикциите за веганите би значело кршење на нивните човекови права.
„Веганската диета сосема е примерен и одржлив тип на исхрана, дури и за децата, доколку ја следат вистински информации за продуктите кои се консумираат и редовни лекарски прегледи“, изјави во врска со минатонеделниот законски предлог на пратеничката Елвира Савино од партијата Форца Италија, претседателот на здружението Анималисти Италијани Валтер Капорале. Додаде дека забранувањето на родителите да ги хранат своите деца со здрава храна во којашто нема состојки од животинско потекло, како што се млекото, месото, јајцата и рибата, би било „бесмислено и нелегално“.
Меѓународната организација за правата на веганите IVRA, ги поддржа италијанските колеги со изјавата во која предлогот на пратеничката Савино го нарекува нечесен и дискриминаторски, и повика тој да биде променет или да биде отфрлен.
Некои италијански експерти за храна во полемиката кој се разви на оваа тема, наведуваат дека нема докази дека веганската диета, која ги исклучува сите продукти добиени од живи суштества, е поздрава од онаа која вклучува храна добиена од животните, но и дека нема докази дека е трајно штетна за здравјето.
„Начинот на исхраната која денес постои на западот, нé изложува на многу поголеми ризици од веганската диета“, ја коментира Андреа Гисели, претседател на италијанското Здружени за наука за храната, за римскиот весник La Reppublicа полемиката за тоа дали веганството е човеково право, како што толкуваат веганите или, пак, само помоден тренд. Според него, вистинската опасноста за здравјето на современиот човек се всушност шеќерот, маснотиите, доколку во организмот се внесуваат во поголеми количества.
Искуствата на родителите се различни, па некои одушевени вегани наведуваат дека нивните веќе израснати деца кои во младоста никогаш не јаделе „невеганска“ храна немаат никакви проблеми и дека се здрави, додека други зборуваат за зголемениот ризик поради премалото внесување на некои витамин и минерали во чувствителен организам во развој кај таквите деца.
Се појавија и политички коментари дека предлогот кој доаѓа од партијата поранешниот премиер Силвио Берлускони е мотивиран од популистичката желба да им се додвори на чувствата на гласачите, а не е поттикна од здравствени причини /крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.