Европа
Во Италија протести против доселениците и бегалците
Италијанците коишто се противат на сместувањето на бегалците од кризните региони протестираа во Рим и во Тревизо во петокот, а во едно римско предградие избувнаа и безредија поради противењето на жителите на намерите на властите бегалците да ги сместат во објект на поранешно училиште.
На протестите коишто ги поддржува крајно десничарското движење Каза Пунди, во римскиот кварт Касала Сан Никола го попречија приодот до училиштето и започнаа да ги фрлаат столчињата врз полицајците, кој во судирот потребија палки. Околу 250 семејства кои живеат во таа населба со денови протестираат против намерата 100 бегалци да бидат сместени во поранешно училиште. Сметаат дека им се заканува „инвазија од бегалци“ и големи безбедносни проблеми во и онака проблематичниот кварт.
Римскиот префект Франко Габриели, пак, е решителен во намерата бегалците да ги смести во поранешното училиште. „Нема да се повлечеме ниту за чекор“, порача Габриели.
Медиумите потсетуваат дека во ноември минатата година римското предградие Тор Сапиенца беше сцена на протести против подигнување на бегалска населба. Италијанската престолнина инаку во моментов згрижува околу 8.000 бегалци од северноафриканските земји и од Блискиот исток.
Отпор предизвика и одлуката на владата да смести 100 бегалци во комплекс згради во Тревизо, во кој живеат и локални семејства. Непознати сторители во четвртокот вечерта на тоа место запалиле покуќнина и мадраци, а група демонстранти го зазема влезот во комплексот каде постави транспаренти против бегалците.
„Не сме расисти, но живееме овде и не сакаме тука да има бегалци“, порачаа демонстрантите, кој во меѓувреме се судрија со полицијата при што неколкумина од нив се уапсени.
Претседателот на регионот Венето, Лука Заиа, изрази солидарност со демонстрантите. Заиа, кој е член на десната партија Северна лига, предупреди на опасноста од „африканизација“ на регионот Венеција, во која веќе живеат 517.000 доселеници. „Апсурдно е да се сместат сто бегалци во станбена зграда во која живеат семејства со мали деца“, рече Заиа, кој смета дека со тоа се поттикнуваат социјални судири.
Заиа ги предводи претседателите на северните италијански региони кои одбиваат да примат бегалци, а на негова страна се и неговите партиски колеги, претседателот на Ломбардија, Роберто Мародни, и десничарскиот гувернер на Лигурија, Џовани Тоти.
Италија е изложена на рекорден прилив од имигранти. Италијанската влада предвидува дека до крајот на 2015 година во земјата ќе пристигнат 200.000 имигранти. Десните партии предупредуваат на можноста од организирање нови и континуирани протести.
„Социјалните немири се пред портата. Ситуацијата стана неиздржлива. Имаме работа со инвазија од имигранти, кои мора да бидат згрижени, додека илјадници италијански семејства се борат со акутните финансиски проблеми“, изјави сенаторот од партијата Форца Италија, Маурицио Гапсари./крај/мф/сн
Извор: APA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.