Европа
Во Украина во 414.800 луѓе се раселени, бунтовниците го заземале Иловајск
Најмалку 415.800 лица ги напуштиле своите домови поради судирите во источна Украина и се засолнале во други делови на земјата и во Русија, се наведува во извештајот од средата на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР), додека проруските бунтовници во четвртокот соопштија дека ја имаат контролата врз градот Иловјаск за кој Националната гарда на Украина претходно јави дека го заземала.
Најмалку 415.800 лица ги напуштиле своите домови поради судирите во источна Украина и се засолнале во други делови на земјата и во Русија, се наведува во извештајот од средата на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР), додека проруските бунтовници во четвртокот соопштија дека ја имаат контролата врз градот Иловјаск за кој Националната гарда на Украина претходно јави дека го заземала.
Според последните процени на УНХЦР, „во Украина има 190 илјади изгнаници“, изјави за AFP портпаролката на оваа агенција при Обединетите нации, Ариан Рамери. „Признаваме дека таа бројка би можела да биде и поголема имајќи предвид дека не постои централизиран систем за евидентирање и знаеме дека има луѓе коишто не се пријавуваат како раселени“, додала.
Покрај тоа, податоците на УНХЦР покажуваат дека 197.400 луѓе пребегнале во соседна Русија, од кои 78 илјади побарале бегалски статус, 14,600 во Полска и 12.883 во Белорусија. Според претходниот извештај на агенцијата од 5-ти август, во Украина биле внатрешно прогонети 117 илјади луѓе од кои 168 илјади пребегнале во Русија.
Во четвртокот проруските бунтовници од самопрогласената Народна Република Донецк во источна Украина соопштија дека до крајот на средата по жестока битка целосно го контролираат градот Илавајск, за кој претходно имаше контрадикторни информации. Националната гарда на Украина јави дека градот е под контрола на баталјонот „Донбас“, но дека продолжуваат нападите на бунтовниците. Проруските ткн народни милиции за самоодбрана, пак, јавија дека украинските сили лојални на Киев успеал да заземат само една населба од градот. Советникот на министерот за внатрешни работи, Зорјан Шкирјак, пак, изјави дека силите успеале да го заземат целиот град Иловајск.
„До крајот на денот Иловајск е целосно ослободен од украинските војници и е контролиран од милицијата“, се наведува во соопштението на прес-центарот на Донецката република, што го пренесуваат руските медиуми. Истакнуваат дека единиците на баталјоните „Добнас“ и „Азов“ кои учествувале во борбите за градот претрпеле значителни загуби. Не се прецизира дали спомнатите загуби се однесуваат на воена техника или на војници, и исто така бунтовниците не соопштуваат за загуби во нивните редови.
Истовремено, бунтовниците на другата самопрогласена Народна Република Луганск објавија дека урнале два хеликоптера на украинската армија. Притоа не е јасно дали станува збор за истите летала за кои беше информирано во средата навечер заедно со уривањето на борбениот авион„Сухој Су-29“ чие соборување го потврди украинската армија.
Се соопштува и дека артилеријата на украинската армија продолжува со масивните напади врз станбени населби во Донецк и Луганск, кои се главните центри на бунтовниците. Проруските милиции загубите на украинската армија во текот на средата ги проценуваат на вкупно 90 луѓе на сите боишта во регионот, но не соопштува за своите загуби./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.