Европа
Во украинскиот судир досега над 3.500 загинати
Во судирите на силите лојални на прозападните власти во Киев и проруските бунтовници во источните рускојазични региони, досега загинале најмалку 3.543 луѓе, соопшти високиот комесаријата на Обединетите нации за човекови права.
Во судирите на силите лојални на прозападните власти во Киев и проруските бунтовници во источните рускојазични региони, досега загинале најмалку 3.543 луѓе, соопшти високиот комесаријата на Обединетите нации за човекови права.
„Дозволете да додадам дека оваа бројка ги опфаќа познатите убиства, а вистинската бројка веројатно е значително поголема“, изјави Иван Шимоновиќ, помошни на главниот секретар за човекови права на ОН.
Со тоа бројот на загинатите е зголемен за 950 смртни случаи од последниот извештај на ОН објавен на 29-ти август. Меѓутоа, овој извештај ги опфаќа и 2980 патници и членови на екипажот на малезискиот авион кој на 17-ти јули се урна во источна Украина
Од прекинот на огнот потпишан на 5-ти септември во белоруската престолнина Минск, гинат во просек по десет луѓе дневно, додаде Шимоновиќ. Нагласи притоа дека тоа е „драстично помалку“ отколку 36 загинати дневно колку што имало во деновите пред прекинот на огнот.
Според Шимоновиќ, бунтовниците уште држат 500 до 800 заробеници. За заробениците кои ги држи украинската војска не изнесе податоци. Од друга страна од средината на април до 16-ти август „повеќе од илјада лица се уапсени од страна на украинските безбедносни служби на територијата на Донбас“.
Тој ги обвини бунтовничките групи дека убивале и мачеле луѓе, а и грабнувале и барале откупнина или грабнатите го испраќале на присилна работ. Меѓутоа, не ги коментирал извештаите на ОН за истите случаи кои ги извршувале припадниците на украинските сили, особено доброволечките единици составен од припадници на ултранациоанлистичките движења., но ги повика украинските власти „да ги истражат извештаите за кршењето на човековите права на териториите контролирани од владините сили“.
„Од почетокот на август и на почетокот од септември бројот на регистрирани раселени лица двојно е зголемен до 275.498 луѓе“, изјави Шимоновиќ. Притоа призна дека бројот на внатрешно раселените лица најверојатно е многу повисок, бидејќи многу од нив не се пријавиле ./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.