Европа
Возот со телата на загинатите од малезискиот авион патува за Харков, ’црните кутии’ кај Малезијците
Возот со вагоните фрижидери со повеќе од 280 тела на жртвите во падот на малезискиот авион во источна Украина во понеделникот навечер ја напушти станицата во Торез, а истовремено постигнат е договор „црните кутии’ да им бидат предадени од паднатиот „Boeing 777“ да им бидат предадени на малезиските власти.
Малезија постигна договор со Алескандар Бородај, лидерот на проруските бунтовници во источна Украина, кои ја контролираат територијата на кој падна „Boeing 777-200ER“ со 298 патници и членови на екипажот на летот од Амстердам до Куала Лумпур, за преземање на двете „црни кутии“ од урнатиот авион на компанијата „Malaysia Airlines“, објави на прес-конференција во малезиската престолнина премиерот Наџиб Разак, пренесува Reuters. Договорот за РИА Новости го потврдил и претставникот на самопрогласената Народна Република Донецк, Сергеј Кавтарадзе кој истакнал дека претставници на малезиската tim се присутни во Донецк, но не за истрагата туку да ги подигнат телата на загинатите. Малезискиот премиер Разак изјави и дека на независните меѓународни истражители им е гарантиран непречен пристап до местото на несреќата и истрага. Премиерот го потврди и пишувањето на AFP дека од железничката станица во Торез тргнал возот со вагоните фрижидери во кои има 282 тела на настраданите. Телата ќе бидат пренесени во Харков, кој е под контрола на силите лојални на властите во Киев и ќе им бидат предадени на претставниците на Холандија. Заминувањето на возот беше одложено, бидејќи проруските бунтовници инсистираа тој да биде следен од меѓународните претставници а не од украинските власти. Телата, според информациите на руските медиуми ќе бидат потоа испратени на форензичка истрага во Амстердам./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.
Европа
Шпанскиот државен обвинител бара прекин на истрагата против сопругата на Санчез
Шпанскиот државен обвинител, назначен од кралот по препорака на владата, денеска побара од судот во Мадрид да ја затвори истрагата за корупција против сопругата на премиерот Педро Санчез бидејќи „нема индиции за кривично дело“.
Судијата во Мадрид вчера пријавил дека отворил прелиминарна истрага за 59-годишната Бегоња Гомез. Сопругата на премиерот беше пријавена кај судијата од синдикатот Манос Лимпиос (Чисти раце) врз основа на медиумските извештаи дека давала препораки со нејзин потпис на претприемачи кои се пријавиле на јавни тендери. На овој начин, било наведено во пријавата, таа ја искористила својата позиција и влијание за да можат блиските луѓе да добијат јавни пари и работа.
Организацијата Манос Лимпијас претходно изјави дека својата тужба ја заснова на медиумски извештаи и дека не може да гарантира за нивната вистинитост, а шефот на организацијата, Мигел Бернад, рече дека извештаите биле проследени до судијата од „граѓанска должност“ и негираше дека акцијата била политички мотивирани.
Во 1980-тите, Бернад се натпреваруваше на два европски избори како кандидат на екстремно десничарскиот Национален фронт во 1980-тите.
Манос Лимпијас одлучи да побара од судот да отвори истрага за бизнисот на Гомез откако обвинителите не постапија самоиницијативно, а истражниот судија ќе одлучи дали медиумските извештаи се точни или не, рече тој.
Консултантската компанија на претприемачот Карлос Барабес, според пријавата, добила 10 милиони евра од јавно претпријатие во надлежност на Министерството за економија. Тој претприемач подоцна основал постдипломски курс кој го водела Гомез на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид.
Во извештајот се споменува поврзаноста на сопругата на премиерот со туристичката компанија Globalia, која беше спонзор на едукативниот центар „Africa Centre del Instituto de Empresa“ управуван од Гомез. Шпанската влада со 600 милиони евра народни пари ја спаси „Air Europa“, во сопственост на Globalia.
Државното правобранителство испрати жалба до судот во Мадрид, во која се наведува дека нема „индиции дека сторила кривично дело“, објави радиото Ла Секста.